Sunday, February 26, 2012

Мајкрософт Windows 8 Mobile - платформа со највеќе изгледи за пропаст

Исправка: Стариот наслов на постот беше „Мајкрософт WinMobile - платформа со највеќе изгледи за пропаст“, но јас повеќе мислев на најновиот OS на Microsoft за мобилни уреди, Windows 8.

Покрај бројните написи од луѓе многу попаметни од мене, кои можат да се најдат на интернет, еве ги и моите размисли за тоа:

- Тоа што ја прави успешна една мобилна платформа не е самата платформа по себе, туку бројноста и квалитетот на апликациите за неа. Microsoft доцни 3 години. Најдобрите  и најинвентивните програмери во светот веќе одамна работат на Андроид или iOS.

- Со спонзорирање на семинари по информатичките факултети, Мајкрософт се обидува „на буткање“ да стартува нова заедница на програмери. Каде е проблемот? Тоа што тие програмери се млади и неискусни, и имаат „уште многу фурни леб да јадат“ пред да почнат да прават солидни апликации. Барем година, година и пол ќе треба додека да го испечат занаетот, ако не и повеќе...
Врзување за неизгледна платформа ќе значи изгубено време за нив и за нивната кариера.

- На некој начин, и самиот Мајкрософт го призна поразот со издавањето на MS Office за iOS, со тоа посредно праќајќи порака кој е вистинскиот крал на мобилните апликации.

- За крај, се знае: апликациите за Windows 8 Mobile не се HTML5, а тоа е единствената насока каде што ќе се движат работите... Windows 8 Mobile нема ни пристоен browser, само IE.

Едит: Еден од коментаторите подолу, а и некои Твитови упатени кон мене, упатуваат на тоа дека стекнале впечаток дека ги потценувам студентите. Таман работа!
Јас само го констатирав нивното ниво на искуство, со кое, верувам, ќе се сложите. Впрочем, за некој месец и мојот син ќе стане дел од таа заедница...
На почетокот на својата кариера и самиот „јадев фурни леб“ додека да стигнам до професионалец кој прави употребливи апликации. Во тоа нема ништо лошо, ниту неприродно, ниту пак се чувствував потценет - напротив, само бев додатно мотивиран.

Уште повеќе, во конкретниов случај, студентите се повеќе „жртви“ (можеби тоа е претежок збор) на амбициозноста на Microsoft да ги научи на својата платформа.
Бидејќи се (очигледно) слабо информирани, а сосема добро знаат дека - едноставно - мора да знаат мобилни платформи, децата дошле на она што им е понудено. А тоа, според мене, не е баш најдобриот избор.

Да потсетам дека има и други извори на знаење за другите, поизгледни платформи, и ги повикувам студентите од информатичките факултети да ги истражат и да ги посетат.
Прво, тука е Слободен софтвер Македонија, со нивниот извонреден Хаклаб „Кика“, каде што, скоро секојдневно, можат да добијат стручна помош од активистите, кои се добри и најчесто професионални програмери. Погодувате, во хаклабот највеќе се зборува за Андроид, иако има и други интересни теми.
Следно, постои „Mobile Monday“, специјализирана серија на предавања за мобилни технологии (каде што неодамна и јас имав своја презентација). Колку што знам, следен на ред е iOS, и тоа следниов понеделник (27 февруари 2012).

На крај, Интернет е безграничен извор на информации, и тоа за сите видови на технологии...

Конечната порака до студентите е да се трудат да бидат подобро информирани (а се надевам дека и овој пост е дел од тоа). Така се станува добар професионалец.

Едит 2: Бидејќи темата предизвика доста дискусија (не само овде, и на Фејсбук и на Твитер), еве додатни ресурси за разгледување:

Is Windows 8 Metro failing even at Microsoft? [ZdNet]

Microsoft's Shrinking Window For Tablets: Its Fifth-Mover Product Strategy Is Late [Forrester Research]

Why Microsoft 8 doesn’t matter [Roughly Drafted Magazine]

The Windows 8 tablet train wreck [Extreme Tech]



27 comments:

  1. оди у кафана да го правиш муабетот експерте! :) лољ

    ReplyDelete
  2. Гледам, уште еден задоволен муштерија на Мајкрософт!

    ReplyDelete
  3. Види, јас бев таму и то ашто го видов е над 200 луѓе кои присуствуаа на настанот со одлични прашања и конструктивни муабети. Иновативноста оди со младоста, а оној кој учествувал во сето ова треба да се пофали а не да се куди. Впрочем и ова твоето е како онаа македонската и со козата...

    Уствари на младите останува светот, пошто вие старите го отеравте таму каде што е!

    ReplyDelete
  4. Во едно се сложувам со тебе. Win Mobile е сосема пропадната платформа. Иднината е во Windows Phone и Windows 8.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Упс! Не сум сигурен дека сум ги погодил имињата на OS-ите. Можеби постои и WinMobile и не-знам-како-се-вика OS за новите Нокиа, т.е. MS телефони (изгледа Windows 8).
      Мислев на овие последниве.
      Мајкрософт задоцни, и тоа е тоа...плус, си ја натовари Nokia на врат.

      Delete
    2. Го почитувам твоето мислење за тоа дали некој задоцнил со технологијата или натоварил нешто на грб, секој има право на свое мислење. Но потценувањето на студентите е нешто што не е убаво да се чуе од професионалец.
      Оние кои грабаат кон секоја можност да стекнат ново знаење или искуство во животот се поздравуваат со овации а не се демотивираат со некоја изрека која одамна мајсторите ја користеле за калфите.
      Не заборавај дека некогаш и ти си бил студент.
      За на крај, се знае (во твој стил): коментирањето за нешто за кое не си доволно информиран, нешто на што не си работел, за кое не си читал или информирал изгледа многу смешно, но сепак е во контекст на името на блогот "Инстант Експерт". Дефинитивно си на добар пат на одржување на таа титула.
      Keep up the good work

      Delete
    3. Стефан, ти благодарам на коментарот.
      Не се работи за потценување на студентите, се разбира. Впрочем, да не се повторувам, прочитај го она што го допишав во текстот...

      Delete
  5. Убаво што се информаираат младите луѓе.
    А сега, нека почнат со HTML5 на Андроид и iOS, бидејќи ќе треба да заработуваат за живот еден ден... Тоа е на врвот на иновативноста и cutting-edge технологија на денешницата...
    Тоа е мое мислење и си стојам до него. Дај боже да ме демантира иднината, ама тогаш да не биде далеку и доцна за оние кои почнале со платформа која има мала шанса за преживување.

    И фала ти за „комплиментите“, особено се добри кога се анонимни, кога тој што дискутира нема храброст да влезе во дискусија на еднакви.

    ReplyDelete
  6. Во Windows Phone има повеќе иднина отколку во HTML 5 на било која платформа. Microsoft има агресивна кампања и веќе имаат повеќе WP настани од настаните поврзани со Android и iOS заедно, то е факт. И во ред е децата да слушаат предавања за Windows Phone (или било која платформа) не за да научат како да направат WP, Android или iOS апликација, туку да почнат да размислуваат генерално за мобилните апликации и концептите кои горе долу се повторуваат на сите платформи. Тие предавања во секој случај ќе им бидат корисни доколку ете треба да ја променат платформата, а никако нема да им биде од корист да се ограничат и да си напрат филм дека HTML 5 го учиш еднаш и после си нинџа за сите платформи.

    Поздрав,
    Android прогрмаер :)

    ReplyDelete
    Replies
    1. Коментарот кој следува нема врска со Win Mobile :) MS е успешен единствено поради производот Exchange. Сите негови обиди да навлезе/доминира во други сфери (освен Kinect) не вродуваат со плод. Не гледам зошто сега би било тоа случај. Посебно поради присуството на голем број други етаблирани играчи во сферата на мобиљките.

      Delete
    2. сега ќе ти дадам зошто сега би било случај:
      + хардвер (нокија и xbox со kinekt )
      + killer apps ( exchange во комбинација skype )
      + ресурси за рекламирање пред големите фирми ( убедуваш директор и цела фирма на Windows* )
      + време ( инерцијата т.е. навиката кога луѓето што користеле во фирма ќе си земат и исти телефони за лична употреба)

      - микрософт никогаш не знаеле да соработуваат интерно помеѓу своите дивизии па секој пат кога ќе купеле фирма ја заебувале работата, можеби поради тоа што немаат интерен диктатор како џобс :)

      Delete
    3. Skype е технологија која е базирана врз proprietary имплементација на квази-SIP протокол. Колку и да е ОК, се надевам дека на долги патеки ќе исчезне. Home-made протоколи, тури им кур ... едноставно не треба да успеат ... за општо добро :)

      Delete
    4. јебеш, едно е дали „треба“, друго е дали „ќе“ :)

      Delete
  7. 1)Освен аргументот за 3 години каснење, друг не видов (корегирај ме ако грешам).
    Само ќе речам Yahoo е основан 1995 а Google 1998. Tоа е по мојта математика 3 години.

    2) Малце статистика
    67к апликации, и постојано растат
    17к девелопери (шо платиле 99$ годишно)
    2-ра категорија по популарност се игрите, кои се иста технологија (XNA) со игрите за X-Box и PC
    http://www.windowsphoneapplist.com/en/stats/

    Поздрав,
    Студент на Факултет за Информатика - Штип

    ReplyDelete
    Replies
    1. WP е статистички најбрзо растечки пазар досега :) колку и да нејќам морам да го кажам ова.

      Delete
  8. Со сета почит спрема вас, како програмер ќе го пишам следново. Филип Керазовски на презентацијата кажа, кога го отвориш менито на Андроид што гледаш? Икони секакви и насекаде, кога го отвореш менито на Windows Mobile 7 што гледаш? Тоа што те опкружува секојдневно и работи за луѓето. Дека малку задоцнија, задоцнија но тоа не значи и дека ќе одпаднат, напротив гледам можност за голем напредок. А програмерите не ги диктира оперативните системи, ѓи диктира пазарот, според некој предвидувања некаде во 2015 40% од пазарот ќе биде застапен од Windows Mobile. Инаку за тоа дека некој ги спонзорира семинарите и демек студентите се жртви на ова, чиста лага. Баш напротив студентите се запознаваат учат од луѓе што работат подолго време, разговараат со истите т.е примаат дел од знањата и триковите од нив.
    Сега ако тоа некој го мачи или му боди во очи не знам, сепак не е убаво да се лечат комплекси на овој начин.
    Поздрав.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Поздрав до Филип Керазовски со еден мал коментар (според она што го напиша ти, не знам како било навистина)

      Го отвораш менито на Android и гледаш тоа што сакаш да видиш (онака како ти што си го организирал), од друга страна го отвораш менито на WP и гледаш тоа што Microsoft смета дека треба да видиш (секако дека и тоа може да се уредува). Муабетот ми е дека коментарот и споредбата се тотално промашени.

      Delete
    2. Боро РунчевFebruary 27, 2012 at 1:22 AM

      Го кажа и тоа што го пишав :) Со тоа сакав да кажам колку е моќна компанијата во делот на маркениг и анализа на пазарот и целните корисници, и дека со таква анализа тешко дека би отпаднале толку лесно како што тврди тој.

      Delete
    3. ова е интересно „студентите се запознаваат учат од луѓе што работат подолго време, разговараат со истите т.е примаат дел од знањата и триковите од нив.“ , ме наведе да се запрашам дали студентите знаат дека тоа знаење за две години ќе им биде џабе затоа што микрософт до сега има создадено и отфрлено повеќе технологии отколку што постојат скратеници за нив

      Delete
  9. @Vanco

    Не е битно кој е како е и дали ќе пропадне. Јас читав дека Андроид и iOS може да пропаднат за некоја година. Но сепак тоа се само анализи и статистики кој до сега никој аналитичар не успеал да ги погоди точно.

    Windows Phone 7 за брзо ќе биде 3-тиот играч на пазарот, немора да биде прв, ни втор. Не ми е ни гајле кое место го завзема. Додека е на пазарот да се учи да се програмира да се заработи некој денар. Па ако пропадне, нека биде сепак ќе остане големо искуство за сите нас, програмерите.

    ReplyDelete
  10. Еве има и видео посветено на развој на метро апликации за Win8 со HTML5.

    http://www.tn38blog.com/search/label/Metro%20style%20apps%20using%20HTML5

    ReplyDelete
  11. Да не заборавиме дека Microsoft е единствената компанија која засега го прогласи HTML5 за first-class-citizen во оперативниот систем од аспект на програмирање. Windows 8 со концептот XAML или HTML5 над WinRT е нешто што ниеден доесга го нема направено. Не зборам за хибридни решенија како што Apple ги форсира на iPad, туку зборам за native апликации кои неможеш да познаеш дека се направени со HTML/JavaScript.

    Е да, и Microsoft е општествено одговорна компанија. Инвестира во локалните пазари, локализира производи, инвестира во економиите. Apple, Google? Ма дај, никој од нив ништо не направил за македонскиот пазар...

    ReplyDelete
    Replies
    1. Забораваш дека Microsoft збореше за „native“ HTML5, што ќе рече нивна, нестандардна верзија, со што пак ќе ја подрие неутралноста и интегралноста на Интернетот.

      Натаму, ниту Андроид, ниту Apple не „форсираат“ хибридни решенија. Хибридните решенија, впрочем, се потребни за било кој мобилен уред за кој сакаш да користиш некој од вградените дивајси. Има безброј HTML5-only plain-vanilla апликации кои работат и на Андроид и на iOS.

      Сѐ што направил Microsoft на македонскиот пазар е да си ги наплати своите продукти. Нема ништо лошо во тоа, но ... толку.
      Колку за илустрација, во последниве десет дена, моите колеги од Microline (нашата фирма за поддршка) продадоа преку 30 комплети Win7+MS Office по цена од 21.000 денари. 90% од овие пари оди директ во Мајкрософт. За каква „инвестиција во економијата“ станува збор?

      Да биде јасно, не дека Apple или Google направиле нешто за нас, ниту ги оправдувам, само да биде чисто дека ниту MS не направил...

      Delete
    2. Забораваш да кажеш дека од продадените лиценци и твојата компанија заработила, како и логистичките партнери во Македонија. Згора на се ова е стимуланс за локалниот пазар и бизнисите на локалните партнери. Или можеби грешам?

      Инаку инвестицијата на локалниот пазар е истовремено насочено кон развојот на нашата IT култура, битие, писмо и многу други работи.

      По некоја статистика 50-60% од заработката оди во локалните субјекти. А што направиле другите?

      Delete
    3. Сѐ и да е така како што збориш, а не е, не можам сега да дискутирам за економските последици и предности на Microsoft. BTW, купувањето на Microsoft лиценци јас го нарекувам „данок на будали“, затоа што наместо тоа, сосема успешно може да се користи бесплатен Linux и некој бесплатен офис софтвер...

      Кажи ми, каква врска има тоа со тезата на постот, дека Windows 8 Mobile е железничка несреќа во случување?

      И, дали твојата теза е дека по секоја цена треба да користиме инфериорни продукти само затоа што „некоја статистика“ вели ова или она?
      Тоа е неодржливо!

      Delete
    4. Напротив, велам остај корисниците да одлучат што е добро за нив. Твоето наметнување на Apple е патетично пошто и таму се плаќа "данокот на будалите".

      Инаку твојот софтвер што го продаваш го даваш бесплатно? Почни да не го наплаќаш, барем да ти држи тезата дека се треба да е бесплатно!

      Delete
    5. Не го наметнувам јас Apple, сам се наметна... Впрочем, го „наметнувам“ и Андроид.

      Ги оставам корисниците „сами да одлучат“, ова е мој блог, со мои мислења. Не сум им застанал со пиштол на глава за што да се одлучат....

      Не ми ја кажувај мојата теза за тоа што треба и не треба да е бесплатно...
      Не е иста мојата ситуација со ситуацијата на RedHat, Canonical или не знам кој друг добавувач на Linux. Всушност, тие компании заработуваат милиони, што од продажба на други услуги, што од донации.

      Во Македонија тоа е незамисливо... Ако знаеш некоја компанија која сака да ме спонзорира, веднаш јави ми, и мојот софтвер ќе биде бесплатен!
      Можеби ти ќе се нафатиш? (ама нема, се криеш зад анонимноста)

      Delete