Friday, June 22, 2012

Microsoft Surface: Збирка на проценки и мислења од водечките светски технички сајтови


Иако сеуште не се знае сѐ (денес се дозна цената, $600 за почетниот модел), мислењата се поделени дали таблетот ќе успее. 
Внимавајте, не дали ќе го надмине iPad - нема, туку дали воопшто ќе има доволна продажба за да опстане на пазарот.
Конкуренцијата му е огромна, од гигантот Apple со iPad, преку Kindle Fire на Amazon, па сѐ до многуте останати Android-базирани уреди...
Да се потсетиме, Apple произведува и продава 56 милиони уреди во календарска година! И воглавно, сите се продадени... Тоа е економија на големи броеви која тешко дека ќе биде достигната во релативно краток рок, од година-две...
И не е работата само во тоа дали е хардверот добар -- добар е, на свое ниво (иако, на пример, нема ретина дисплеј), туку и во бројот на апликации, дивелопери, итн.

Исто така, еден од големите проблеми на Мајкрософт е што нема доволно продавници (дури сега почнува да ги отвора низ САД), а со тоа и поголема достапност на уредот.
Од друга страна, Мајкрософт има цела планина (море, планински венец) пари, и со доволно инвестирање и „голтање“ на губитоците, можеби може да направи нешто. Слично беше и со XBox, која е сега водечка конзола за игри на пазарот (иако сеуште не ги вратила сите вложени пари).

Според најновите известувања, Surface RT моделот (тоа е оној со „нестандарден“ Windows OS и ARM процесор) ќе се продава за $600, додека Pro моделот ќе почнува од $800. Прилично високи цени.

Како и да ѐ, убаво време да се биде потрошувач, од постојаниот натпревар ние само имаме корист и добиваме подобри и подобри уреди...

Еве линкови за читање (испратете ако имате уште, ќе дополнам):

No comments:

Post a Comment