Според неа, најголемата предност на пакетот е:
„Ако внесувате испратница од еден во друг магацин, продавница или фактура тогаш брзо и едноставно внесувате само излезна испратница и HELIX автоматски место Вас ќе креира идентична влезна приемница во магацинот или продавницата, ќе ги ажурира материјалните картици на сите производи во двата магацини, трговските книги во магацините и продавницата, автоматски ќе го задолжи купувачот доколку документот е фактура и сите овие промени ќе ги искнижи автоматски во финансово со ажурирање на сите потребни аналитички, финансови и синтетички картици, бруто биланс, рекапитулар и заклучни листови.“Иако реченицата е далеку предолга за да биде разбирлива за нормален човек, ја „разглобив“ на составни делови за да видиме што, всушност, кажуваат во неа:
Дел први: „Ако внесувате испратница од еден во друг магацин, продавница или фактура тогаш брзо и едноставно внесувате само излезна испратница и HELIX автоматски место Вас ќе креира идентична влезна приемница во магацинот или продавницата“
Превод: Ако пренесете стока од магацинот во продавницата, не треба да внесувате приемница.
Објаснување: Ова, всушност е единствената вистинска информација во целиот ѓувеч. Се работи за концепт на т.н. „впарени документи“, кој јас, и сите нормални дизајнери на информативни системи, го применуваме барем 30 години, уште кога COBOL беше главен програмски јазик...
Дел втори: „... ќе ги ажурира материјалните картици на сите производи во двата магацини ...“
Превод: Новите количини ќе се видат на магацинските/материјалните картички
Објаснување: Магацинска картичка е преглед, а не место за чување на податоци!
Добро дизајнирана апликација не смее да чува посебни податоци за магацинска картичка и да ги ажурира. Напротив, не смее да има посебни податоци за магацинска картичка, бидејќи се создава опасност од де-синхронизација на податоците за промет и оние во магацинската картичка.
Добро дизајнирана апликација ги вади податоците за состојба во магацинот „on the fly“, од самите прометни податоци.
Овој основен принцип не е почитуван и зборува за неквалитетот на софтверот.
Дел трети: „... ќе ги ажурира ... трговските книги во магацините и продавницата ...“
Превод: Постои преглед кој се вика „Евиденција во трговија“ (ЕТ) и тука ќе се видат промените.
Објаснување: Прегледот ЕТ е задолжителен само во продавници, не и во магацини. И, како што реков, тоа е преглед, нема потреба од „автоматско ажурирање“ (ќе го видите ова уште).
Дел четврти: „... автоматски ќе го задолжи купувачот доколку документот е фактура ...“
Превод: Во книговодството ќе се прокнижат ставки (веројатно врз основа на некаква претходно дефинирана шема (ставови) за книжење.
Објаснување: Автоматското книжење во сметководство не смее да биде без дозвола на сметководителот (кој треба барем да кликне некаково копче “Прекнижи“). Зошто?
Во работењето на компанијата, дневно се изработуваат многу документи: фактури, префрлања на стока во продавница или друг магацин. Понекогаш бројот на овие документи е и неколку стотини дневно...
Доколку книжењето во сметководство е потполно автоматско, што ќе се случи ако на пример, некоја фактура е погрешно внесена? Или, некоја стока не може да се испорача (да речеме, без да знае тој што ја прави фактурата, стоката е оштетена)? Сите погрешни податоци сепак ќе бидат прокнижени во сметководството, и раководителите ќе имаат погрешна слика на финансиската состојба!. Тоа е вистинска катастрофа!
Само недоквакан софтверски архитект може да смисли ваква лудорија. И не е архитект, повеќе е копач на канали...
Дел петти: „... со ажурирање на сите потребни аналитички, финансови и синтетички картици, бруто биланс, рекапитулар и заклучни листови ...“
Превод: Промените настанати од документите ќе се одразат во прегледите од сметководството.
Објаснување: Повторно, се работи за прегледи. Во нив мора да се одрази состојбата, бидејќи се прегледи! Се работи за основно својство на било која апликација, иако овде тоа е прикажано како врвно достигнување на информатичката технологија.
Значи, демонстриравме како се мафтаат и премачкуваат потенцијални купувачи. Слично како и во „инфомерцијалните“ тв-реклами кога ви продаваат комплет на кујнски ножови: со нив можете да сечете патлиџани и зелка! Да си направите салата!
Никогаш не верував дека лесно може да се добие заем додека не наидов на компанија за заем која го финансираше мојот нов дом со заем со стапка од 2%, многу сум среќен што го споделувам ова овде и знам дека ова пишување не е поврзано со ова тема но сепак ќе продолжам да споделувам со сите овде да читаат.
ReplyDeleteе-пошта: pedroloanss@gmail.com или разговор со whatsapp: +18632310632 за да го добиете вашиот заем брз и лесен процес со г-дин Педро и неговата компанија за заем.