Saturday, October 06, 2007

Windows Vista? Не, благодарам.

Според она што успеав да го видам досега, Vista нема некои значителни подобрувања во однос на XP, барем не доволно за да ме убеди да поминам на неа, или да убедувам некој друг да ја користи.
Мојот нов лаптоп стигна со Vista Basic, една од многуте верзии (во кои воопшто не се снаоѓам). Како и да е, веднаш беше заменета со XP Professional, а наскоро и тој ќе си оди - ќе биде заменет со Ubuntu 7.10 (само чекам да биде објавен за едно две недели од денес).
...

Во фирма - нормално - испорачуваме компјутери со Vista, па погледнав малку и „под хауба“. Што да видам: Vista Business (или така некако), кога работи „во лер“ (значи нема стартуван ниеден програм), троши 370 MB RAM! Ако се стартува некоја Office програма (Word, на пример), Firefox, Outlook и анти-вирус, наскоро ќе пополните цел гигабајт меморија! Системот, со dual core процесор, се чувствува како да се влечка, со лошо време на одговор. Да не зборам дека е потребна (многу) солидна - читај скапа - видео картичка за да се видат сите ефекти на развиканиот Aero десктоп. Кој, патем, e „украден“ од Apple и постои веќе неколку години.
За споредба, на мојот Ubuntu десктоп, со комплет подигнат развоен систем (Eclipse/Komodo, MySQL локален сервер, Apache 2.2, Firefox) едвај трошам 350МВ. Анти-вирус, како што е познато, не е потребен на Linux, хехе.

Но, познавајќи ги трендовите во компјутерската индустрија, постојаното поевтинување на компонентите, подобрувањето на процесорите и количеството на меморија, веројатно наскоро ќе стане доволно евтино секој да може да има моќен процесор со 4 GB меморија, за да може Vista-та да функционира нормално.

Прогрес!

No comments:

Post a Comment