Низ блогосферата се појави голем револт, а скоро веднаш се појавија и такви кои се прашуваат (дури и тврдат) дека се работи за криминалец и дека е уапсен со причина.
Значи, не верувам дека некој од (нормалните) дискутанти, а почнувајќи од мене самиот, вели дека Заев е невин. Тоа ќе го докаже судот. Невин е додека не се докаже спротивно (пресумпција на невиност, нели?).
Она од што, барем јас, се згрозувам е *начинот* на кој тој е уапсен и „процесиран“.
Прво, Котевски пушта дегутантни СМС пораки до новинарите (кои се посебна приказна) дека ќе биде уапсен, за да се направи циркусот.
Потоа, во „холивудски“ стил, на сред пат, со чкрипење на гуми и вртење со „рачна“, како да тргнал да бега некаде, Заев е уапсен и е донесен пред судот каде што веќе го чекаат камерите и почнува целиот калабалак.
На крај, пред тие што протестираат (на што имаат демократско право, без оглед дали е виновен или не) се поставени полициски кордони вооружени со „долги цевки“, што е надвор од памет и што е пракса само во Тибет. Тоа, немам сомнеж, е направено намерно - за додатно да се испровоцира масата за да може шупакот Латас да „соопштува“ како биле насилни.
Да наведам само неколку спротивни случаи:
- Агим Красниќи не го апсеа затоа што „немало услови“.
- Ламбе Арнаудов, „не бил достапен“, иако заедно го „мочале кучето“ со премиерот секое сабајле пред зграда, за на крај да го „уапсат“ - дома (после напорна детективска работа, претпоставувам)!
- Оној моронот Лека исто така не го апсеа.
- За Рефет Елмази (клоцачот) „нема докази“.
- За ЛуБББчо Георгиевски, исто така (а има неколку кривични пријави против него).
- Борис Стојменов, идиотот кој ја потпиша Окта, потпаѓа под истото одделение за организиран криминал како и Заев.
И јас не ги сакам политичарите, и сметам дека треба да добијат двојни казни баш затоа што се политичари, носители на јавни функции и ги изневериле граѓаните, но страшното во целава работа е тоа што ВАКВО НЕШТО МОЖЕ ДА МУ СЕ СЛУЧИ НА БИЛО КОЈ - не само на политичките противници!
Само што, тогаш, нема да има кој да протестира, и истражниот судија нема - под притисок на јавноста - да не пушти да се браниме од слобода. Ќе кењаме у кофа во заедничка ќелија во Шутка со уште 30 други.
И - спротивно на тоа што го мислат дежурните критизери кои веднаш ќе ме прогласат за предавник - тоа може да им се случи и ним.
Можеби не од оваа власт, но од некоја следна, ако живееме во тоталитаризам и авторитаризам, никој не е безбеден.
No comments:
Post a Comment