Saturday, August 28, 2010

Злочин во Преспа

Појдете во Претор за да видите како на најбезобѕирен начин се уништува екологијата на крајбрежјето на Преспанското езеро!

Пред година дена локалната власт му издаде концесија на извесен „швеѓанец“ (не знам точно дали е нашинец или не) на огромен дел од крајбрежието на езерото, веднаш после завршетокот на плажите во Претор.
Должината на издадениот брег е повеќе стотици метри.

Деновиве целата трска на брегот на езерото безмилосно е исечена. Во неа живееа голем број на птици и други животни кои се дел од богатството на фауната на Преспа. Уживав да појдам таму наутро и оддалеку да ги гледам во нивната природна средина.
Сега сето тоа е уништено, безмилосно и без никаков надзор. Се слуша дека концесионерот наводно ќе донел некакви диви биволи (!) -- нешто што сигурно не припаѓа тука.



Во текот на летово се случуваше уште нешто: механизација на АРМ безмилосно го копаше песокот од крајбрежјето за да пополни една плажа во Претор. Песокот е дел од природната средина на езерото, исто како и трските. Ниедно животно нема да преживее без него.
Не знам кој им го дозволил ова, но и тоа е тешко нарушување на еколошките правила.
Во развиените земји, на пример, не е дозволено ниту лушпа од школка да се земе од брегот, а не вакви катастрофични упади во природата.

Како и да е, биволи има, само што не се во Африка.

Ве молам да го проширите ова за да помогнеме злочинот да престане!

Градоначалник на општина Ресен е Михаил Волканоски.

EDIT: Читајќи по сајтовите од ресенскиот регион, забележав дека тие дури имале и акционен план за „чистење“ на езерото, за што дури набавиле и машина!

Се прашувам, како може уништувањето на природата да биде „чистење“?
За да може некој да се плажира, тие ја косат трската, без притоа да мислат на последиците.

6 comments:

  1. Поради општествената полезност, постов е препорачан на насловната на http://ping.mk

    ReplyDelete
  2. додека се свестиме, сите уникатни видови на флoра, фауна, инсекти, птици и животни ќе ги загубиме. така не проколкнале во тие муабетите до 7 колена или сл. шала на страна жални работи од сите страни..недоквакана држава!

    ReplyDelete
  3. Фала, тоа ќе придонесе за уште поголема раширеност

    ReplyDelete
  4. Би било добро да им го пратиш линков по мејл на сите локални онлајн медиуми во Преспа, можеби некој од нив ќе се осуди да направи репортажа на лице место, па и да ја преведе на англиски и да ја прати низ светот, по еколошки организации...

    Пинг следи некои од нив, како извори во групата Преспа, па може така да им ги откриеш сајтовите.

    ReplyDelete
  5. Ова ти е исто како, кога ги колат делфините во Јапонија, зашто го нарушувале рибниот фонд.

    Маса, овци, племе... не знам како понагрдно да се изразам.

    Нема еден човек на релевантна позиција што размислува со сопствен мозок.

    ReplyDelete