Wednesday, May 30, 2012

Зошто SAP најчесто успева во имплементација?


Јас, основната вредност на SAP ја гледам од малку поинаков агол, а базирано на моето досегашно искуство со ERP системи и нивното воведување кај различни клиенти.
Имено, основен проблем од страна на клиентот е прифаќањето на новите правила за извршување и контрола на бизнис-процесите во компанијата.
ERP софтверот има голема улога во ова, бидејќи тоа е едното од неговите основни (и задолжителни) својства.


Е, сега, кога компанијата ќе набави SAP и ќе плати кул милионче-два-три, менаџерите се особено волнни до буква да ги следат сите правила кои имплементаторите ги поставуваат. Се разбира, сето ова е рефлектирано и во бизнис-правилата вградени во самиот софтвер. Никој не се буни затоа што „свети SAP рекол така“. Спој го тоа со вообичаениот хонорар од 700-1000 евра дневно кои ги зема просечен консултант.


Честопати, оваа крутост има и повратен, лош ефект на моралот и желбата на вработените активно да придонесат на успешноста. И тие си имаат маки:
Од една страна, имплементаторите на секоја забелешка се повикуваат на „SAP стандарди“, затоа што не сакаат да мрднат со прст и малку да го искројат софтверот во корист на клиентот, или бараат астрономски цени за тоа.
Од друга страна, за разлика од гаќи со ластик, каде што важи „one size fits all“, во ERP често не е така...
Затоа, ние се трудиме колку што можеме да го прилагодиме софтверот на конкретната ситуација, но притоа да не ја компромитираме целокупната филозофија и поставеност на системот.


Кога ќе се појавиме ние, „обичните смртници“, со нашите ERP продукти, се среќаваме со отпорот на вработените (обично извршителите и мидл-менаџментот), кои треба да си ги скршат комоцијата и навиките... Почнуваат да кукаат дека кај нив не можело да се биде толку крут, дека имаат многу исклучоци (иако и тие можат да бидат „канализирани“), и дека тоа ги успорува... Ти ја бараат секоја грешкичка, секоја запирка или мало успорување, како аргумент во борбата против промената.
Мидл-менаџерите воглавно не сакаат да слушаат незадоволство и кукање од непосредните извршители, од чија ефикасност зависи и нивната успешност, па кукањето го пренесуваат на повисоко ниво -- кај високите менаџери.

Тука, „во реткиот воздух“ на генералните, комерцијалните, финансиските, и другите сорти директори, има две можности: или поим немаат за што збориш, бидејќи мислат како да ја превртат секретарката, а „тоа со компјутерите го знае внук ми“, или - почесто - гледаат да им бидат задоволни средните менаџери, затоа што од нив зависат дури и тие...

Еднаш еден таков „генерален“, одговарајќи на моите забелешки дека шефовите му се слабо активни и немаат познавања, ми рече: „Па што да правам? Не можам така лесно да ги отпуштам, на нив се темели дневното работење...“

А инаку, SAP е софтвер како софтвер. Со толку многу пари можеле и подобро да го направат...

Ах, да, и ова: сеуште не се потполно web-базирани, како што се нашите Infomatrix и Бизнис Херој.

1 comment:

  1. "Sap standardi",... trikot da ne e vo terminologijata. Zosto da nema i "BH standardi", i tolku.

    Pozdrav, AT

    ReplyDelete