Sunday, April 29, 2007

АПСО-ФАКИНГ-ЛУТЛИ НАЈДОБРИ МАНЏИ ...

... има кај Чамо. Кафанчето се наоѓа во Идадија, веднаш спроти влезот на Општина Центар.

Само дел од менито: дроб-сарма, сезонска сарма (со винова лоза или со кисела зелка), турли-тава, гравче-тавче, кукурек (вртени цревца), јазик во софт, домашни колбаси (добро, ова не е баш манџа, но вреди да се споменат), полжави со лук и магдонос (не знам што да кажам, вистинска сензација).

За да се знае колку се сериозни кај Чамо, на пример, сармите се со сецкано, а не со мелено месо, а исто и домашните колбаси. Меленото месо брзо го испушта сокот и се губи вкусот...

Персоналот на Чамо ги познава сите гости, лично. Не ни треба да порачувам кога одам таму, само ќе седнам, и јадењата си се редат - знаат луѓето што сакам.

Да нема забуна: кај Чамо секогаш (с-е-к-о-г-а-ш) е полно, секогаш се бара место повеќе, од сабајле до вечер. Чамо работи само до 20 часот, како сериозна кафана, не прима ноќни птици и пијаници.



За да не останам само на Чамо, морам да го споменам и „Гурманче“ на Водњанска. Манџи, манџи, манџи. Генерации доктори, сестри и останати намерници јаделе кај Гурманче. Колку се сериозни? Па, истата куварка работи таму последниве 25 години, ете толку.

2 comments:

  1. Еве ги деталите за е-пошта за контакт со г-дин Бенџамин, Lfdsloans@outlook.com. / Или Whatsapp +1 989-394-3740 што ми помогна со заем од 90.000,00 евра за да го започнам мојот бизнис и многу сум благодарен, навистина ми беше тешко тука обидувајќи се да направам начин како самохрана мајка не е. лесно со мене, но со помош на г-дин Бенјамин стави насмевка на моето лице, како што гледам како се развива бизнисот и се развива. за финансиска помош или поминување низ тешкотии со таму бизнис или сакате да започнете бизнис проект може да го видите тоа и да се надевате дека ќе излезете од неволјите .. Ви благодарам.

    ReplyDelete
  2. Здраво, се викам Мохамед Абдулрахман и живеам во Брисел, Белгија. Сега, благодарение на ова, јас и моето семејство можеме да живееме удобно. Додека пребарував на интернет, наидов на компанијата за кредитирање „Trust Bridge Financial Service“, која нуди заеми со поволни каматни стапки. Решив да се обидам и, на мое изненадување, сè се одвиваше како во сон – добив заем од 135.000 евра. Сакам гласно да му објавам на светот за чудата што Бог ги направи за мене преку оваа компанија, која работи со страв Божји. Им препорачувам на сите на кои навистина им е потребен заем да стапат во контакт со нив преку е-поштата: trustbridgefinancialservice943@yahoo.com. Ви благодарам.

    Trust Bridge Financial Service
    Е-пошта: trustbridgefinancialservice943@yahoo.com

    ReplyDelete