- Не ги напаѓај послабите, не е морално.
Не се спротивставувај на појаките без причина, глупаво е. - Немој да ги мразиш жените. Тоа е само губење на време.
- Инвестирај во себе. На оние кои се само-остваруваат им следува материјална корист.
- Степај се со боксови, дури и ако знаеш дека ќе изгубиш.
- Ако нешто има директна корист за некоја личност или група на луѓе, а теоретска, апстрактна или нејасна корист за сите останати, знај дека оној кој го предлага тоа има намера да биде во првата група, без оглед колку трици ќе изеде за да те убеди.
- Немој да бидеш политичар.
Тие се измамници кои работат само за своја корист, без чувство за чест или патриотизам кон своите сограѓани.
Ако веќе мораш да бидеш политичар, немој да си националист. Тоа се плачливи пички, кој постојано се жалат, идиоти кои се вечни жртви поради некоја друга нација. - Не прифаќај никаков совет без критичка анализа. 90% од секој совет е со намера да биде во корист на советувачот, а не на примателот.
Всушност, бројот е веројатно поблиску до 97%, но не сакам да испаднам циничен. - Цел живот ќе слушаш луѓе кои ти кажуваат колку им должиш. На најголемиот дел не им должиш ама баш ништо.
- Немој да си против твоите другари – млади луѓе.
Биди им ментор на помладите кои доаѓаат после тебе. Општеството знае дека ти имаш потенцијал да бидеш најголемата сила на општеството. И тоа ги плаши. На општеството, младите луѓе не им се симпатични. Тие се плашат од вас – и колективно, и индивидуално.
Примарната цел на законите е да ве задуши. - Како млад човек, оставен си сам на себе. Општеството дели и освојува.
За разлика од жените, кои имаат кој да се грижи за нив (разни движења за заштита, непрофитни организации, АФЖ) – никој не се грижи за тебе. - Општеството се движи напред поради силата и генијот на младите луѓе. Погледни наоколу.
Најчесто, старите мажи и жени не се оние кои ја креираат револуцијата во која живееме.
Разбери дека општеството го краде твојот придонес, го обезбедува со закони, а потоа си зема заслуги и награди таму каде што не треба да има. - Знај дека многу малку луѓе ти го мислат најдоброто. Мајка ти ти го мисли. Татко ти, веројатно, исто така (ако не избегал досега). Браќата и сестрите се на твоја страна.
Сите останати се грижат само за себе. - Не се плаши да им кажеш на луѓето да одјебат тогаш кога треба. Ова е многу важна вештина.
Како што се вели, кажи си го тоа што го мислиш, дури и со растреперен глас. - Сочувствувај со другите, имај добри односи со нив и доверба вонив. Научи да го читаш јазикот на телото и невербалната комуникација.
Немој да се концентрираш само на говорни и технички вештини, затоа што некој друг ќе ти ја „работи“ жената. - Биди во форма.
- Не зборувај лошо за сопругата или девојката. Поддржувај ја секаде, дури и ако греши. Таа ќе знае дека и’ го чуваш грбот. Кога и треба помош, дај и’ ја. Таа ќе знае дека ќе бидеш на нејзина страна.
- Немој да ја изневеруваш сопругата или девојката.
Ако веќе мораш, тогаш не ја понижувај. Немој да ризикуваш твоето однесување да го дознае од пријателите. Немој да го правиш тоа каде што живееш или во својот социјален круг.
Немој да кењаш во сопствениот двор. - Ако поради твојата девојка не се чувствуваш добро и таа не ти носи радост, откачи ја. Затоа се девојките.
- Не влетувај во „емоционални афери“ со други жени. Тие се само начин жените да флертуваат и да имаат некој кој ќе прави тие да се чувствуваат добро. Тоа е делот од аферата кој тие го сакаат.
За тебе, тоа е многу работа и трошење на време. Ако некоја жена има „емоционална афера“ со тебе, тогаш веројатно се работи со некој друг. - Ако станеш близок пријател со некоја жена, не очекувај дека ќе имаш интимни односи со неа.
Ако во релативно краток рок не си ја фатил девојката, најверојатно и никогаш нема.
На крај, ќе завршите така што таа ќе ти ги доверува сексуалните искуства кои ги има со други мажи. - Имај и негувај ги пријателствата со жените.
- Разбери дека љубовта е игра на броеви.
Мажите лесно се заљубуваат. Ќе видиш некоја девојка и ќе мислиш дека ќе умреш ако не си со неа. Ако те одбие, премини на следната. Нејзина грешка и загуба. - Немој да висиш на интернет по цел ден. Излези и живеј го животот.
На IRC нема купишта прекрасни жени кои сакаат да имаат секс со тебе. На убавите жени не им треба реклама и IRC. Web сајтовите и огласите на прекрасни осамени жени се лажга. Сè што сакаат е да ги потрошиш минутите на телефон и да ти ги наплатат.
Оние жени кои не се вакви и звучат искрено имаат преку 35 години, а веројатно и преку 45, и се очајни. - Кога ќе станеш вистински маж, знај дека луѓето ке ти го препречуваат патот.
Луѓето кои те привлекуваат, некако ќе успеат да ти се испречат. Педерите ќе те гледаат со „погледот“. Постарите ќе застанат пред тебе во најлошиот момент.
Не се секирај, само заобиколи ги и продолжи си ја работата. Тоа се само пасивно-агресивни методи за да те натераат да ги прифатиш дека постојат. - Не ги напаѓај хомосексуалците. Немој ментално или физички да ги малтретираш луѓето само заради тоа што се тие или како се претставуваат.
Не ти е работа со сила да ги тераш луѓето да припаѓаат на општиот конформитет. - Ако си геј, признај си го тоа себеси, на твоите родители, на твоите пријатели и на сите околу тебе. Подготви се да те малтретираат. Не им отстапувај. Повикај полиција ако некој те нападне. Нека ги уапсат.
Немаш обврска да се жртвуваш заради тоа што си. Како хомосексуалец, ќе имаш повеќе социјална слобода од „стрејт“ мажите. Користи ја за да се заштитиш.
Биди спремен да се преместиш во друго место ако животот ти стане неподнослив заради твојата ориентација. - Немој да си позер. Немој да ја возиш колата со багажник за скии ако никогаш не скијаш. Не се прави моторџија ако не си.
Живеј си го животот и заслужи си го она што ти припаѓа. - Немој да веруваш во глупостите за владеењето на мажите.
Жените ги има повеќе на факултет. Повеќе жени го завршуваат факултетот. Жените живеат подолго од мажите.
Повеќе мажи од жени вршат самоубиство. Мажите имаат два пати повеќе шанса да бидат нападнати, дури и убиени. Ако ги земеш во предвид и сексуалните напади во затворите, повеќе мажи се силувани од жени (сите мислат дека силувањето на мажи во затвор е смешно и забавно).
Митот дека девојките се помалку образувани е разбиен со самиот факт дека училиштата се бастиони на жените, тие се учителки, наставнички и директорки.
Девојките се подобри ученици од машките.
Само затоа што некој често повторува нешто не значи дека е тоа вистина. Немаш причина да се чувстуваш лошо поради тоа. - Запамети, 97% од сите совети се безвредни. Види што можеш да искористиш од нив, а другото фрли го во ѓубре.
Преземено и адаптирано од craigslist.org
No comments:
Post a Comment