Saturday, February 23, 2008

Certified Windows free

Вчера, конечно, и последниот бастион на Windows во моите компјутери, падна.
Мојот домашен лаптоп, „последниот мохиканец“ со XP на себе, со надградбата на дискот (160GB), доби и чичка нов оперативен систем - Ubuntu 7.10. Добро, не е баш чичка нов, од лани е, но за два месеци ќе се надгради и на 8.04.
Не знам зошто досега чекав на ова. На сите други машини имам Linux во некоја варијанта. Работата - развој на enterprise апликации - ми е исклучиво на Linux.
Делумно, можам да се извадам со немање време. Иако Ubuntu-то се инсталира за цирка 20 минути end-to-end, ми требаа уште два-три саата да подесам, надградам и дефинирам.
Смешно, сега гледам дека на лаптопот сеуште стои налепницата Windows Vista, уште од кога го купив, а на долниот дел лиценцата. Redmond си оди во неповрат.

3 comments:

  1. само два три саата за подесување? мора да ти е лаптопот "Ubuntu Ready".. Не користам линукс од прости причини што не сакам да се зезам неколку часа за да можам да користам дел од хардверот за кој сум платил.. пиратски ХР рулз.. додека се може.. :)

    ReplyDelete
  2. Јас се префрлив пред 6 месеци комплетно на Убунту и многу сум задоволен...

    ReplyDelete
  3. Konecno! Da te potsetam sega ne edna damnesna raspravija na eden forum :)

    http://ikorcagin.org/members/forum_messages.php?thread_id=23

    Nema vise (ama...) :)

    Mac OS X + Ubuntu = Happy and Productive

    ReplyDelete