Текстот започна како емаил со совети за еден мој внук кој наскоро ќе стане софтверски инженер. Решив да го објавам, за евентуално и некој друг да има корист.
Успат речено - ете што ме снајде - веќе ме настасаа внуци-програмери!
Иако ова е примарно наменето за идни програмери, компјутерски администратори и слично, воглавно важи и за другите. Во никој случај не е дефинитивно упатство, а уште помалку комплетно.
Но, моето искуство во последниве 22 години како ИТ професионалец ме научи по нешто. Освен тоа што два-три пати и самиот конкурирав (многу брзо си отворив своја фирма, па подоцна немаше потреба за тоа), во кариерата како „прифатник-предузимач“ сум прегледал стотици CV-ја, сум примил неколку стотини луѓе, а богами - неколку (не стотини, неколку) и сум отпуштил.
Од сето тоа, можам да кажам дека само вредните и упорните успеваат - без оглед колку излитено звучи фразата...
(…продолжете да читате после скокот…)
Значи, прво што треба да се направи е да се „запознае непријателот“. Појди на сајтот на ИКТ комората на Македонија и види ги фирмите, види каде ќе работиш еден ден. Прошарај и по нивните сајтови, многу фирми имаат објавени перманентни огласи. Набави ги емаил адресите за контакт.
Задолжително подготви си CV. Почни веднаш, сите ќе ти бараат.
Подготви и „мотивационо писмо“, но не заборавај да го промениш пред секое аплицирање. Едно не важи за сите.
Просурфај малку, има многу сајтови со совет како да си направиш добро CV.
Еве неколку совети и од мене:
Српски не се брои во „јазици“. Англиски, германски, француски - да. Не пишувај каде си завршил основно школо, не пишувај колку си висок и тежок и каде си роден. Тоа не ги интересира. Ги интересира што знаеш, а особено што тебе те интересира и што сакаш да работиш (нпр. програмирање на ракети, бизнис-системи, систем-администрација, database ...). Ако имаш некакво искуство, напиши.
Контактирај повеќе фирми, можеби не објавиле, а сепак им треба приправник. Не паѓај само на големите и „државните“ фирми. Таму, ако не внимаваш, ќе те стопат со другите и нема многу да научиш. Добро, ако имаат добра понуда што не можеш да ја одбиеш, тогаш е ОК.
Ако можеш, набави препораки од некој професор или асистент, или од некој клиент (писмо во кое те фалат, нели).
Не е лошо да си направиш сајтче со твоето CV. Не мора да трошиш пари - на пример, објави на некој блог-хостинг сајт, или нешто слично бесплатно. Никој нема да те окриви. Уште подобро ако имаш блог (а ако немаш, веднаш да почнеш - веднаш!).
Погледни го мојот сајт со CV, колку да добиеш идеја. Сигурно може и подобро од тоа.
На интервјуто, појави се на време (5-10 минути порано), дотеран (не мора во оделото од матурска, но нешто прибрано, не во кратки панталони и апостолки) и концентриран. Скокни го излегувањето претходната вечер, мамурлакот нема да ти помогне.
Претходно, задолжително научи нешто за компанијата каде што те повикале, обично имаат сајт. Или најди некој што ги знае, распрашај се. Види што произведуваат, со што се бават, да не пропаѓаат (не ти требаат такви).
На прашањата одговарај смирено и (воглавно) искрено. Не лажи многу, ќе те фатат, ама немој ни да си многу скромен, нема кој друг да те фали. Кажи дека ќе работиш многу, дека сакаш да го научиш тоа што не го знаеш, дека ќе им бидеш верен к`о кутре. :-)
Биди скромен, не преговарај за плата и не прашувај колкава ќе биде уште на првиот состанок (ниту на вториот). Тоа е многу важно, не треба да изгледаш претенциозно. Прво научи да работиш, докажи се, па потоа ќе можеш (и ќе имаш со што) да се ценкаш.
После интервјуто, заблагодари се и задолжително испрати емаил во кој викаш фала, но уште еднаш си ги повторуваш „јаките страни“.
Не заборавај да се интересираш за резултатот од интервјуто, во следната недела или во следните недели. Ако си упорен, а не си влегол во потесен избор, можеби тоа ќе помогне да се потсетат на тебе.
Со среќа!
Не ми е јасно како нема ни еден коментар. Многу искрено напишано. Фала!
ReplyDeleteНе ми е јасно само една работа. Со кој памет советуваш некого да не преговара за плата??? Ако тоа што го нуди работодавачот од финансиски аспект не задововолува што има некој да си го губи времето понатаму.
ReplyDeleteНе за џабе секаде во свет се става salary-range на понуденото работно место.
@Драган: Постот, пред сè, беше наменет за почетници. Нормално, секој треба да праша за плата, но почетник не треба да *преговара* за плата, затоа што -- едноставно, нема многу што да понуди од своја страна.
ReplyDeleteКако јас гледам, за почетник е најбитно да стекне искуство и референца, макар и за мала плата...
ke ve molam pocituvan gospodine ,dali moze da ne posovetuvate kako da izbegneme ,rabotni mesta koi se privremeni,( dodeka im treba na niv ekstra rabotnik (a ne ti kazuvaat),kako da izbegneme rabotodavci koi posle 3 mesezi nema da ti dadat pari,ili pak ke te izmanipuliraat ,nagrdat da ne te isplatat,ili ke ti dadat nekoja sibolicna suma na pari,ili postavat ne normalni smeni i drugi nekoj abnormalni usluvi ,(12,17,i...satti,bez slobodni denovi)koi prethodno ne bile kazani i dogovoreni koga te zaposlile ,i finti kolku sam da si otides i da ne zemes plata,veruvajte mi ova go pravat i vo moknite i "Ceneti firmi".i do koga ke ne prasuvaat dali sme mazeni i imame deca ,navistina LoL
ReplyDeleteЗнам каква е ситуацијата, има доста „подивени“ работодавци.
DeleteБирајте ги фирмите пред да одите да работите за нив.
Ако ве излажат, имате инспекција...
За среќа, казните за вакво однесување станаа многу големи и имате реална шанса да ги „исплашите“ со пријава до надлежните ако не бидете исплатени, работите во лоши услови или не ви се плаќа прекувремената работа...
Фала Ванчо потребен ми беше еден ваков пост :)
ReplyDeleteПосле неколку години, уште се „држи“! :)
ReplyDeleteДраго ми е што ти се допадна.