Monday, March 17, 2008

Интеграција или федерализација?



Игор, како коментар на предлогот за плагин за е-Комерција, мисли дека е подобро да се поврзе WP со некоја постоечка кошничка, отколку да се почнува сосема нов плагин.

Притоа, неведува некои постоечки решенија, но еве ги моите аргументи против:
(…продолжете да читате после скокот…)

OSCommerce, Zen-Cart и CreLoaded се сите базирани на OSCommerce. Тоа лесно се забележува ако се погледне структурата на нивната база на податоци. Тоа значи дека ја имаат наследено истата (не)структура и проблеми кои ги има OSC.
Најголемиот проблем е во templating системот, кој е прикрпен, закрпен и против сите природни (и програмерски) правила.
Од сите, можеби CreLoaded е малку подобар, темплитите се малку потсредени, но тој има друг проблем: постои бесплатна верзија, која е (релативно) инфериорна, и верзии кои се плаќаат, па според тоа се надвор од наш дофат.
Дури не сум сигурен ни дали и бесплатната верзија е слободна за преправки.
Сум работел на сите три, а баш во моментов на еден сајт со Zen-Cart и верувај, пцујам по еднаш на минута.

Интеграција, а не федерализација

Но, Игор начна една друга работа која можеби е сосема применлива - јас предлагам да најдеме некоја open source PHP кошничка (помодерно и подобро напишана) која ќе ја интегрираме во WP. Така, ќе си заштедиме многу планирање и програмирање (иако, во животов имам напишано толку комерцијални „кошнички“ и системи за продажба, што веројатно напамет можам да ја издиктирам базата и добар дел од кодот).
Сепак, сметам дека треба малку да продискутираме околу ова „придружување“ (да не кажам анексија) на постоечко решение во WP. Зошто?Најважното нешто во било какво интегрирање ќе биде наследувањето на темплитот од WP во софтверот за кошничката. Така ќе се обезбеди конзистентност низ целиот сајт, ќе се намали работата на графиката, CSS кодот и сите други компоненти.
Исто така, во постоечкото решение ќе треба да се инкорпорира и постоечкиот систем на WP за управување со корисници, кој е доволно добар и робустен.

…[вели Игор] WP си е сосема добар во она за што е наменет, поентата на FOSS решенијата не е да бидат се во едно туку да се овозможи лесна интеграција на повеќе независни решенија кои веќе солидно си функционираат.…

И на крај, нека ми прости Игор, но мислам дека FOSS решенијата немаат „поента“.
Кон софтверските решенија треба да се пристапува прагматично и со крајна цел тие да бидат употребливи, добро напишани и лесни за одржување. Тоа важи за слободен, неслободен и ропски софтвер (има таков, друга приказна).

No comments:

Post a Comment