Monday, March 24, 2008

Диета која може да успее

Следува таблица на калоричната вредност на поединечни видови храна - неопходна алатка за секој сериозен диеталец.
Табелата, со дозвола, е преземена од книгата на проф. д-р. Љубица Георгиевска-Исмаил од Медицинскиот факултет при УКИМ.
Вредностите се однесуваат на 100 г. храна без коски или семки, односно во пресна, неподготвена (сува) состојба, односно на 2 dL кога се работи за пијалоци.

Еве неколку совети за видот на храната која треба да се јаде, без оглед на тоа што во табелата се наведени и оние видови кои не се баш препорачливи:

Ако имате околу 105-110 кила, сметајте дека дневно треба да изедете максимум 1750 калории за да ослабите околу 4 килограми месечно.

Треба да се внимава да не се јаде месо (може посно телешко, два-три пати месечно). Дозволено е пилешко и ќурешко, но само бело месо без кожа (најдобро варено).
Риба е препорачлива, но не од конзерва, да е подготвена на скара или во тавче со минимум масло. Може да се подготви и на пареа. Туна и други мрсни риби да се избегнуваат (многу калории - видете ја таблицата).
Шеќерот е најдобро да го заборавите. Нема ни Кока-Коли или сокови со шеќер. Алкохол, апсолутно не.
Леб - не и не (ниту `ржен). (Може двопек, ама една-две мали кришки).
Јајца може, но ако имате висок (лош) холестерол - никако.
Зеленчук и овошје - неограничено.
За приготвување на храната употребувајте маслиново масло, но многу ограничено. „Зејтини“ - без оглед на тоа колку многу Цацко, Тошо и Миле ги сакаат во салатата, не се дозволени.
Дозволени се лесни манџичиња, но без запршка и без месо. Компир-манџа, грав и леќа само еднаш - двапати месечно.

(табелата е после скокот…)

МесоЈајца
Телешко филе105Едно цело јајце84
Телешка плешка140Една жолчка 68
Јунешко284Една белка16
Говедско филе126Масло
Говедска плешка151Растително масло869
Говедски бут205Маслиново масло935
Говедско мелено265Мајонез525
Свинско филе176Слатки
Свинска кременадла358Шеќер383
Свински бут362Мед301
Свинска коленица207Чоколадо540
Свинска глава407Млечно чоколадо570
Прасешко396Карамели419
Овчо428Желе бомбони329
Јагнешко200Мармалад250
Месни преработкиПудинг175
Варена шунка282Овошен сладолед138
Чадена шунка411Јаткасти плодови
Виршли264Орев649
Колбаси сурови345Лешник641
Колбаси просушени295Бадем591
Колбаси суви364Костен574
Врат сув350Кокосов орев мелен687
Сланина сува605Кикирики пржени551
Зимска салама500Семки од тиква541
Мортадела370Ф`стаци557
Џимиринки741Сусам573
Месо од внатрешни органиАфион501
Црн дроб говедски125Зеленчук
Црн дроб телешки141Краставица10
Црн дроб пилешки134Краставица кисела11
Јазик говедски202Зелена салата15
Јазик телешки135Тиква15
Мозок телешки115Бамја17
Бубрези 135Цикорија17
Живина и дивечШпаргли20
Пиле печено144Целер21
Пиле варено124Домат22
Гуска мрсна540Броколи25
Гуска средно мрсна365Ротквица25
Патка282Црвена зелка26
Мисирка бело месо177Кисела зелка27
Мисирка црно месо210Пиперка зелена27
Зајак124Модар патлиџан 28
Срна140Зелка29
Риби и морски плодовиКарфиол31
Пастрмка 52Спанаќ32
Крап106Блитва32
Лист85Печурки свежи34
Ослиќ83Тиквички36
Туна146Келераба36
Сардела176Кељ37
Бакалар65Праз41
Шкарпина92Боранија41
Зубатац100Морков45
Јагула236Кромид47
Скуша159Компир70
Лосос184Грашок млад73
Лигњи81Компир млад88
Остриги59Грашок среден95
Јастог83Маслинки зелени144
Краби82Маслинки црни189
Октопод65Грав330
Големи школки 75Леќа330
Ракчиња105Овошје
Сардини во масло240Греипфрут28
Туна во масло304Лубеница30
Млеко и млечни производиДиња35
Млеко полуобезмас. (2%)50Јаготки42
Млеко полномас. (3.5%)68Лимон42
Млеко кисело52Мандарини46
Јогурт92Портокали48
Јогурт овошен112Праски52
Павлака кисела128Кајсии58
Павлака слатка300Јаболка60
Путер748Круши60
Маргарин700Вишни60
Сирење и кашкавалРибизли60
Бело кравјо младо90Капини62
Бело кравјо средно180Малини64
Бело кравјо мрсно246Сливи65
Козјо340Урми282
Бел овчи мрсен400Авокадо80
Урда104Киви61
Тофу65Манго65
Ементалер400Папаја39
Гауда368Нектарини44
Чедар343Ананас48
Ајдамер259Цреши76
Пармезан390Грозје80
Горгонзола370Смокви свежи85
Камембер297Банани98
Топено, крем сирење200Смокви суви250
Сирење за мачкање228Грозје суво270
Брашно и тестоСливи суви302
Брашно пченично352Пијалоци
Брашно пченкарно350Чај0
Брашно ‘ржано347Минерална вода0
Гриз370Сокови (2 dL)
Леб пченичен бел255Јаболко90
Леб пченичен црн241Портокал98
Леб пченкарен240Лимон52
Леб ‘ржен241Кока-кола90
1 кришка двопек40Рибизла105
1 кифла135Домат44
1 ѓеврек135Пијалоци (2 dL)
1 крофна177Вино бело140
Паста (шпагети и др.)357Вино црно132
Ориз368Шампањско160
Булгур342Пиво96
Жесток алкохол550

No comments:

Post a Comment