Sunday, February 08, 2009

Медиумски воини


„Писма од читатели во кои се величи работата на Владата и се плука по опозицијата во последно време масовно стигнуваат на интернет-адресите на медиумите. Некои од писмата се потпишани, на други стои „ваш редовен читател“. Ретко има контакт-адреса или телефонски број, како што обично прават читателите кога сакаат нивното писмо да биде објавено бидејќи медиумите ги проверуваат податоците. Ако некој и оставил телефонски број, бројот не може да се повика.“ - објави Нова Македонија во својот текст „Проработеа фабриките за писма од читатели“.

Иако сите политички страни веројатно имаат слична пракса, сепак може лесно да се направи разлика помеѓу „литерарните обиди“ на виртуелните лепачи на плакати на вмро-овците и оние на сдсм-овците.
На пример, наместо вулгарните, очигледни фалсификати на вмро, неодамна се појави новиот блог на Бранко Героски, очигледно со граѓанска, интелектуална, лево ориентирана и (во недостаток на подобар израз) „одговорна“ ориентација.
Додека кај првите, во блоговите се нашлапани со безвезни слики, знамиња, борбени повици, овие вториве имаат многу подефиниран, дизајниран и културен израз. Дури и блогот на претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов се вклопува во, благо речено, сељачкиот ликовен израз на вмро.
Не дека тоа им помогна на сдсм-овците на минатите и предминатите избори.
Сепак, оваа слика тоа е одраз на интелектуалното и граѓанското ниво на македонските граѓани. Со други зборови, 80% од нашите драги сограѓани, во нормални земји не би ги пуштиле на улица, само на нива или на копање канали (како што и им прават во традиционалните македонски „јабани“).
Администраторите, уредниците и модераторите треба да внимаваат и да не допуштаат испади од било која страна.
Тоа деновиве му се случува на Кајмакот, кој е преплавен од спамирање на гадинки од вмро-овците. „Нападот“ е очигледно концентриран, договорен и оркестриран, бидејќи се појавија повеќе спамери одеднаш.
Паралелно, се појавија и многу „антички“, „Македонија-до-Токио“, „да-живее-тодор-александров“ и слични блогови, што исто така зборува за кујни и кувари.

2 comments:

  1. Благодарам на кусата, но за мдене многу поттикнувачка реценција на мојот блог. Ве поздравувам.

    ReplyDelete
  2. Случајно налетав на Вашиот блог преку статијата "е-Трговија во Македонија - дел 2". Со големо задоволство и уживање ги прочитав поголемиот дел от останатите статии. На Македонија дефинитивно и фалат повеќе луѓе како Вас. Поздрав.

    ReplyDelete