Еве и една слика на еден екран за внос на комитент, извезена во png формат (ова е вградена опција). Ја направив за 10-тина минути (не ги исцртав баш сите полиња, но ионака служи само како потсетник). Сликата овде е во намалена резолуција, инаку застанува на А4 формат.
Сите цртежи можат да се снимат и да се отвораат подоцна, а - како што споменав - можен е и извоз во png формат. Вградени се многу widgets за поуспешно прикажување на саканиот екран, а овозможен е и full-screen приказ ако треба цртежите да ги прикажете на клиент или на колегите. За скицата да биде пореална, можат да се внесат и сопствени податоци во лабелита, полињата, па дури и листите и гридовите, како што направив јас.
Мислам дека може да биде корисна. Алатката не е многу скапа, 79$.

No comments:
Post a Comment