Update: Сега е се на Македонски. На мое големо изненадување, го снема она гадното FYROM од листата на јазици.
Иако Google направил навистина добра работа со платформата на Blogspot, сепак има еден недостаток.
Имено, никаде не можам да го изберам македонскиот јазик како јазик кој се употребува на блогот. Има еден сличен, ама името му е згрешено: Macedonia (FYROM).
Бидејќи знам како ми се нарекува мајчиниот јазик, ова не е тоа. Им пишав да го поправат. Ова што го имаат се однесува на некој друг, не на нас, Македонците.
Со други зборови: мамето мамино на Грчиштата!
No comments:
Post a Comment