Wednesday, October 13, 2010

Илегална интернет култура (updated)

Во последно време и македонските фирми поинтензивно почнаа да ја користат моќта на Интернет-маркетингот (добро утрооо, доцните 10 години!). Полека, но сигурно, стануваме жртви на спамирање на македонски јазик, од македонски компании.
На различни -- воглавно илегални -- начини, се доаѓа до email листи на потенцијалните жртви-приемачи на пораката. Бидејќи повеќето вакви спамови се наменети за бизниси, мислам дека изворите се разните „бизнис-адресари“, списоци на присутни на конференции, здруженија на стопанственици и слично. За малку пари, службениците кои се во допир со овие податоци, лесно ги препродаваат на свежо маркетиншки-освестените претприемачи.
Со тоа, и двете страни директно го кршат законот за заштита на податоците. Особено се виновни компаниите, затоа што тие се поттикнувачите и корисниците на илегално набавените адресари.
Во својата кратковидост не разбираат дека многу лесно можат да бидат предмет на тужби од неволните приемачи на нивните понуди. (Почнувам да размислувам дека треба да позборувам со мојот адвокат, да истужиме некого за пример).



Случај 1.
Пред неколку дена добив некаква рекламна порака од една позната домашна консултантска фирма (поддржана од ЕУ), која ги обучува менаџерите (што ли стана со „директор“) како да станат уште подобри. Или би требало да ги обучува.
Станав сомничав во квалитетот на обуката штом ја прочитав пораката. Прво, пораката беше потпишана со име и презиме на испраќачот - некоја госпоѓа која е „менаџер“ на програмата. Но, адресата од која беше испратен email-от беше од gmail.com. наместо од деловната адреса на менаџерката.
Се разбира, никаде се немав согласено воопшто да примам вакви рекламни пораки, со што веќе веднаш е прекршен законот. Исто така, во пораката никаде немаше линк или упатство за отпишување од листата, со што по вторпат го повредија законот.
На крај, со „темно“ претчувство, кликнав на линкот за пријава за нивните курсеви -- се појави огромен формулар за собирање на моите податоци „од а до ш“.
По темелно пребарување на нивниот сајт, никаде не најдов изјава за политиката на приватност -- што и како прават со вака собраните податоци. Прекршување на закон број 3.
Испратив одговор до нив и ги предупредив на овие работи. Сеуште чекам да реагираат...

Случај 2.
Повторно консултанти, повторно иста приказна. (Што ли да очекуваме од „обичните“ фирми кога консултантиве се однесуваат волку невоспитано и разбојнички?).
И ова е „развикана“ консултантска куќа, во сопственост на поранешна државна министерка. Сакале да ме обучуваат да станам подобар менаџер (пак!).
Да не повторувам, исто како горе, со шлаг на крајот: темата на пораката, а и добра половина од самата порака, беше напишана исклучиво со големи букви. Се изнервирав, склепав една „мотивациона слика“, со надеж дека ќе ги измотивирам да се сетат на добрите манири:



Случај 3. (ново)
Како капак на сѐ, денес повторно еден „ничим изазван“ македонски „месни нарезак“ (spam), од, ни помалку ни повеќе, Сциентолошката црква.
Нормално, добија брза шут-карта.
Мислев дека ќе бидат повешти и дека, освен оние електронските апарати за мерење на не-се-сеќавам-што, ќе добијат и know-how за интернет култура.

Како успатна забелешка, гледам дека емаил адресата им завршува на scientology.net -- изгледа ги примиле во друштвото. Досега нудеа само книги, но од некаков локален огранок, што ли.
А се сеќавам кога, како помлад, ја читав „Бојно поле Земја“ и ми се допаѓаше ...

3 comments:

  1. Море ама ми се намерачија на мене последниве месеци... Страшилишта, па на службениот меил покрај на деловен план сакаат да ми продатат и на приватен план, не знам од кај ги знаат моите потреби и карактеристики, ама во секој случај се случува нешто, и ептен досадни се. само нешто се продава, како секој ден сервери да купувам... ама бргу може и тужба да акнам како што напиша и ти...

    ReplyDelete
  2. пример
    http://i53.tinypic.com/1z20kmr.jpg

    ReplyDelete
  3. Силно би го препорачал заемот на г-дин Педро на секое лице на кое му е потребна финансиска помош и тие ќе ве држат на врвот на високите директориуми за какви било дополнителни потреби. Уште еднаш се пофалувам себе си и вашиот персонал за извонредната услуга и услуги за клиентите, бидејќи ова е голема предност за вашата компанија и пријатно искуство за заемопримачите како што сум јас. Ви посакуваме се најдобро во иднината. Господине, Педро е најдобриот начин да се добие лесен заем, тука е нивната е-пошта..   pedroloanss@gmail.com
    Ти благодарам што ми помогна со заемот уште еднаш во моето искрено срце, засекогаш сум благодарен.
    Можете да го контактирате г-дин Педро Џером за следната финансиска помош, како што се заем за дом, заем за автомобил, деловен заем, личен заем, заем за трговци, заем за SBA.

    ReplyDelete