Saturday, October 30, 2010

Интернет е мртов! Да живее новиот Интернет!

Добродојдовте во светот на новиот Интернет, онаков каков што не го познавате, Интернет во кој ќе плаќате различно во зависност од тоа какви содржини или податоци ви протекуваат до вашите домови, компании, фиксни и мобилни уреди ...
Едноставно, моќта која ја дава инстантната комуникација и можност за поврзување, без оглед на далечината, видот на уредот, производителот, сѐ додека сите зборуваат со истиот протокол, е преголема.

Моќните држави и големите компании уште од поодамна го „намирисаа“ ова и подолго време се подготвуваат за експлоатирање, монетизирање и запоседнување на комуникациите. Ние сме само немоќни набљудувачи и идни среќни потрошувачи на новиот, раслоен и распределен Интернет.
Нет-неутралноста, а со тоа и Интернетот каков што го познаваме, умира!

Октомври 2010, месец во кој се промени светот
Скоро истовремено, во ист месец, двете најзначајни технолошки компании во светот, Apple и Google, ги објавија своите готови производи за интернет телевизија. Всушност, Google тоа го направи уште во мај 2010 и малку се успа, но веднаш откако Стив Џобс во раката го покажа својот AppleTV, на званичниот Google Blog се појави напис за тоа дека и тие се подготвени.
Во истиот овој месец, Sony објави дека почнува со продажба на -- првиот во светот -- ТВ-уред со интернет приклучок, рекламиран дека работи со GoogleTV. Набрзо потоа, Apple ја објави намерата за купување на Sony.
Taка заврши претходната ера -- онаа на слободниот, неутрален Интернет -- во октомври 2010!

Смрт на нет-неутралноста
Неодамна, Apple го промовираше својот масивен мулти-билионски data центар во Северна Каролина, чија единствена намена е да ги сервира содржините за AppleTV и iTunes.
Google со години гради десетици такви огромни data центри низ светот, кои ги поврзува со сопствени оптички кабли, создавајќи паралелна инфраструктура на постоечките Интернет врски низ светот.

Впрочем, ништо ново -- Google објави и специјален договор со мобилниот провајдер Verizon, за посебни цени на испорака на мултимедијални содржини преку интернет-базирана технологија. Интересно, договорот Google-Verizon беше објавен само неколку дена откако FCC (Моќната, американска верзија на нашата импотентна и кастрирана Агенција за телекомуникации) објави пропаст на разговорите зад затворени врати со интернет-провајдерите на тема на нет-неутралноста.

Дури и во Македонија
Овој тренд, колку и да звучи неверојатно, веќе година-две трае и кај нас, во Македонија. MaxTV е интернет-базирана телевизија на Телеком, а нејзината цена е различна од онаа за „општиот“ интернет-достап на истата компанија. Тоа е јасно прекршување на нет-неутралноста.

Кога сме кај Македонија, низ кулоарите се слуша за новата услуга на Телеком -- VOIP телефонија, која веќе одамна ја продаваат домашните кабловски провајдери и ONE. Сите тие имаат едно заедничко, погодивте -- користат Интернет како медиум за пренос на говорот ... упс, податоците.

Кој внимателно го слушаше излагањето на техничкиот директор на Телеком, Мирослав Јовановиќ на последната „Визија“, слушна за „гигабитното општество“ на Телеком, преку оптички и мобилен интернет. Во таа насока се и шепкањата дека во Телеком следен на листата за купување е Неотел, чија основна предност е што веќе има поставен оптички кабел од Куманово до Прилеп. Овој шопинг на Телеком ќе му заштеди барем две години макотрпно копање и поставување кабел низ македонските камењари, и ќе го зацрвсти во позицијата на најголем доставувач на содржини во земјава.
Успат, Телеком со нокти, клоци, шамари, ниски удари и селски тепачки се бори против конкуренцијата на ова поле, но тоа е за некоја друга приказна.

Медиуми
Соодветни промени се случуваат и во печатените медиуми (или, како што некои ги нарекуваат: fly-swatting editions). Бројот на читатели он-лајн повеќекратно го надминува бројот на читатели на хартиените изданија. Тоа е вистина и во нашата земја, каде што домашните сајтови -- агрегатори на вести бележат енормни покачувања во бројот на единствени хитови: time.mk го надмина бројот од еден милион месечно!

New York Times, но и останатите големи весници и магазини (Wired, на пример), од поодамна работат со производителите на слејтови (таблетни компјутери), на чело со Apple и неговиот iPad, за создавање на специјални верзии на кои читателите ќе можат да се претплатат и да ги читаат. Уредите, како и цената за достапот до содржините би биле субсидирани од весниците. Медиум за пренос на податоците -- Интернет.
Amazon веќе одамна го продава својот Kindle заедно со специјализиран 3G (мобилен интернет) достап, и сервис за испраќање на содржините преку специјализиран e-mail базиран сервис.
Цената на достап до Интернет и овде е „завиткана“ во цената на содржините, што е уште еден пробив на неутралноста на мрежата.

Сервиси во облаците
Следни на ред се сервисите за cloud-computing. Податоците и нивната обработка сѐ повеќе се селат во (интернет) облакот -- специјализирани серверски фарми „расфрлани“ по светот, кои нивните конзументи никогаш не ги гледаат, освен веб интерфејсите за нивно управување. Вакви сервиси има стотици, а со порастот на конкуренцијата, скоро сосема е сигурно дека достапот до нив ќе биде субсидиран од компаниите кои ги даваат тие услуги.
Водечки во оваа област се the usual suspects: Google, чии безбројни GoogleApps сервиси ги користат милиони луѓе, Yahoo, Amazon, а доцна (можеби предоцна) во играта се вклучи и Microsoft, со својот он-лајн Office.
Неодамна формираната „Open DataCenter“ алијанса вклучува такви тешкаши како Дојче банк, BMW, Локид-Мартин, JP-Morgan-Chase, Shell, CERN, и е замислена да биде противтежа на обидот на Google за светска доминација. 

Ревизија
Видео-клипот на YouTube, во кој мојот брат, Сашо, го предвидува крајот на Интернетот каков што го знаеме, е еден од покоментираните и гледаните во минатата година. Ставен му е тагот „comedy“.
Сезнајковците од македонскиот дел на интернетот му се потсмеваа и го прогласуваа за глупав, ненормален, иронично „маестрален“...

Но, ете што се случува сега, само една куса (неполна) година потоа.

Им препорачувам на експертите, „експертите“, гуруата, гатачите и гледачите во грав добро да размислат дали е точна изјавата на Сашо Орданоски спомената на почетокот на овој пост.
Изгледа дека, сепак, не била толку бесмислена -- треба да се има длабоко познавање на медиумите, светските трендови, аналитичност и интуиција, но и храброст за да бидеш на врвот на бранот.

7 comments:

  1. Ако си го пропуштил... http://komunikacii.net/08/24/idnina-internet/

    Патем, во видеото Сашо збори некои работи кои имаат логика ама како неизделкано, неуверливо, непоткрепено ги изложува плус зачинети со неколку стварнo неточни теории и констатации наведува на целосен непочит кон кажаното.

    ReplyDelete
  2. http://techcrunch.com/2010/11/09/keen-on-how-technology-innovation-can-reinvent-america-tctv/#ooid=RsNzd0MTpcnYh6WFZfASv1lo1FQn7a9L

    How to solve the network neutrality issue.

    ReplyDelete
  3. Мислам дека мачката е одамна избегана од вреќата.
    Може да предлагаме решенија, но не и да го решиме проблемот. За жал

    ReplyDelete
  4. Баш ова го читав сабајле... "U.K. Communications Minister Ed Vaizey will say today that Internet service providers should be free to favor traffic from one content provider over another, provided customers are informed, the Financial Times reported."

    http://www.bloomberg.com/news/2010-11-17/u-k-government-to-snub-bbc-google-over-web-access-ft-reports.html

    И во Австралија се случува истото веќе некое време, т.д. мачката дефинитивно е избегана од вреќата.

    ReplyDelete
  5. DevOps services we provide allow businesses enjoying the stability of operating environments, cutting the development time, and getting faster feature delivery. DevOps Services Company - https://itsyndicate.org/services/devops-services/ and https://itsyndicate.org/blog/devops-consulting-services/.

    ReplyDelete
  6. Casino-Area Map & Floor Plans - Mapyro
    Mapyro of the casino 대구광역 출장마사지 area, with 영주 출장샵 its gambling, gaming and entertainment area. Find your 의왕 출장마사지 way around the 안동 출장마사지 casino and find where 태백 출장마사지 everything is located with

    ReplyDelete
  7. Никогаш не верував дека лесно може да се добие заем додека не наидов на компанија за заем која го финансираше мојот нов дом со заем со стапка од 2%, многу сум среќен што го споделувам ова овде и знам дека ова пишување не е поврзано со ова тема но сепак ќе продолжам да споделувам со сите овде да читаат.
    е-пошта: pedroloanss@gmail.com или разговор со whatsapp: +18632310632 за да го добиете вашиот заем брз и лесен процес со г-дин Педро и неговата компанија за заем.

    ReplyDelete