Деновиве, светските агенции објавија дека Accel Partners, досега најголемиот сопственик на акции на Фејсбук, почнал да продава големи делови од нив, што во струката се нарекува „скратување“ (или ослободување) на позициите.
Иако податоците за вредноста на акциите кои се продадени се контрадикторни, се шпекулира за валуација помеѓу 20 и 35 млрд. долари.
Ова секако не зборува добро за мислењето на главниот инвеститор на Фејсбук уште од времето на неговиот почеток.
Очигледно, тие сметаат дека ФБ ја надминал својата „peak value“, или врвна валуација (извинете за можната непрецизност на терминиве, но јас не сум баш сток-брокер).
Со губењето на неутралноста на Интернетот, тој ќе биде разделен на различни сервиси, од кои секој ќе има свои купувачи и посетители.
Сајтовите кои се сеопфатни и нефокусирани на еден стрим или сервис, а чиј најголем претставник во моментов е самиот Фејсбук. набрзо ќе изгубат од својата привлечност, баш поради тоа што нема да можат да бидат интегративен фактор на корисниците.
Тие, корисниците, ќе се приклучуваат на потесни интересни групи воспоставени од типот на услугата која ќе се нуди (нпр. видео, музички, бизнис и слични канали).
А сето тоа ќе се случува во следните две, најмногу три години.
No comments:
Post a Comment