Monday, December 10, 2012

Како се мафтаат корисници...

На сајтот на една домашна софтверска куќа, прочитав рекламна порака за нивниот производ - „УБЕДЛИВО НАЈПРОФЕСИОНАЛЕН ПРОГРАМСКИ ПАКЕТ“.
Според неа, најголемата предност на пакетот е:

„Ако внесувате испратница од еден во друг магацин, продавница или фактура тогаш брзо и едноставно внесувате само излезна испратница и HELIX автоматски место Вас ќе креира идентична влезна приемница во магацинот или продавницата, ќе ги ажурира материјалните картици на сите производи во двата магацини, трговските книги во магацините и продавницата, автоматски ќе го задолжи купувачот доколку документот е фактура и сите овие промени ќе ги искнижи автоматски во финансово со ажурирање на сите потребни аналитички, финансови и синтетички картици, бруто биланс, рекапитулар и заклучни листови.“
Иако реченицата е далеку предолга за да биде разбирлива за нормален човек, ја „разглобив“ на составни делови за да видиме што, всушност, кажуваат во неа:

Tuesday, August 07, 2012

Дефиниција на „Вистински СкС“

Е-Облак?

Што, всушност, е „е-облакот“? Тоа е начин на користење на мрежа на оддалечени компјутерски сервери кои се приклучени на Интернет, за да се чуваат, управуваат и обработуваат податоците. Некои го изедначуваат е-облакот со Интернет, но тоа не е сосема точно. Интернет е многу поширок поим, збир на многу повеќе технологии, протоколи и парадигми од оние кои ги опфаќа е-облакот. Ние го предлагаме терминот „е-облак“, иако е нарекуван, на англиски, но и одомаќено кај нас, само „cloud“ или „cloud computing“. Трошоците за употреба на е-облакот се значително помали и тој многу полесно се прилагодува на зголемувањето/намалувањето на потребите од процесна сила (или, што би рекле, лесно „скалира“). Зошто е тоа така? Затоа што компјутерските ресурси се консолидирани и делливи помеѓу корисниците, станувајќи на тој начин многу поефикасни, а притоа одржувајќи високо ниво на безбедност и заштита на податоците.

Friday, June 22, 2012

Microsoft Surface: Збирка на проценки и мислења од водечките светски технички сајтови


Иако сеуште не се знае сѐ (денес се дозна цената, $600 за почетниот модел), мислењата се поделени дали таблетот ќе успее. 
Внимавајте, не дали ќе го надмине iPad - нема, туку дали воопшто ќе има доволна продажба за да опстане на пазарот.
Конкуренцијата му е огромна, од гигантот Apple со iPad, преку Kindle Fire на Amazon, па сѐ до многуте останати Android-базирани уреди...
Да се потсетиме, Apple произведува и продава 56 милиони уреди во календарска година! И воглавно, сите се продадени... Тоа е економија на големи броеви која тешко дека ќе биде достигната во релативно краток рок, од година-две...

Wednesday, May 30, 2012

Зошто SAP најчесто успева во имплементација?


Јас, основната вредност на SAP ја гледам од малку поинаков агол, а базирано на моето досегашно искуство со ERP системи и нивното воведување кај различни клиенти.
Имено, основен проблем од страна на клиентот е прифаќањето на новите правила за извршување и контрола на бизнис-процесите во компанијата.
ERP софтверот има голема улога во ова, бидејќи тоа е едното од неговите основни (и задолжителни) својства.

Monday, May 21, 2012

Приватност во бизнисите и јавните организации

Порано, се знаеше: големи компјутерски центри, изолирани од надворешниот свет, со десетици и стотици корисници кои чукаат на тастатурите.
Сите податоци беа безбедно сместени во големите ормари - тогашните меинфрејм компјутери, во климатизирани соби со двоен под и двојни клучеви...

Со доаѓањето на Интернет, сето тоа се промени - одеднаш, сѐ стана достапно, физичките граници се избришаа, податоците се отворија. Но, во еден краток момент (барем, „момент“ изразено во интернет-време, кое тече многу побрзо од нормалното), сеуште се следеше логиката од минатото, податоците се чуваа на локално инсталирани сервери, а достапот до нив беше релативно добро заштитен со фајерволи, комплицирани пасворди и закупени линии.
За да разбијат нечија приватност, кракерите (лошите хакери) и самите мораа да имаат значителни ресурси, големо познавање и, воглавно, извори од внатре...


Sunday, February 26, 2012

Мајкрософт Windows 8 Mobile - платформа со највеќе изгледи за пропаст

Исправка: Стариот наслов на постот беше „Мајкрософт WinMobile - платформа со највеќе изгледи за пропаст“, но јас повеќе мислев на најновиот OS на Microsoft за мобилни уреди, Windows 8.

Покрај бројните написи од луѓе многу попаметни од мене, кои можат да се најдат на интернет, еве ги и моите размисли за тоа:

- Тоа што ја прави успешна една мобилна платформа не е самата платформа по себе, туку бројноста и квалитетот на апликациите за неа. Microsoft доцни 3 години. Најдобрите  и најинвентивните програмери во светот веќе одамна работат на Андроид или iOS.

Friday, January 13, 2012

Впишување во локална датотека од Firefox

Пред извесно време ми се појави потреба нашата апликација Infomatrix, и нејзиниот помал брат, Бизнис Херој, да впишуваат во датотеки кои се на локалниот фајл-систем на клиентот. Како што е познато, технологијата која ја користиме во Infoproject е потполно web-базирана, т.е. апликациите работат потполно и исклучиво во веб прелистувач (Firefox или Chrome/Chromium, засега без Internet Explorer).
Конкретно, датотеките кои ги впишуваме се потребни за да бидат преземени од соодветниот драјвер и отпечатени на фискален или етикетен принтер споени на COM (RS232, т.н. „сериска“) порта.

Tuesday, November 08, 2011

Мобилни web наспроти мобилни native апликации

Ова е интегралниот текст на презентацијата што ја одржав во рамките на Mobile Monday во „Клубот на новинари“ во Скопје, на 7 ноември 2011.
Оригиналната најава на настапот беше „HTML5 ќе владее со светот“, со што потполно се согласувам.
Многу се изненадив од бројното присуство на колеги -- програмери, воглавно млади луѓе, кои беа заинтересирани за темата. Има надеж.

Би сакал да им се заблагодарам на сите пријатели за добрите зборови по повод презентацијата. Ме натеравте да поцрвенам :)

Saturday, January 29, 2011

Интернет - сребрен куршум за диктаторите

Една од основните вредности на демократијата е информираноста. Можноста граѓаните да бидат потполно информирани од повеќе ресурси и аспекти за иста тема, има дава моќ да донесуваат одлуки кои се темелат на знаење.
Во секое демократско општество, се знае каде се важни овие одлуки -- кога се гласа, кога заеднички се одлучува што ќе се случува со нас, и кому привремено ќе му биде подарено правото да управува во наше име.

Source: Imgur - "A lesson in government by some Guy".

Saturday, January 08, 2011

Темните одеци на аферата Wikileaks

Американското Јавно обвинителство агресивно собира докази за сите оние кои биле вмешани во аферата Викиликс, без оглед колку странично. Издадени се налози за предавање на податоците за корисници на Twitter, Paypal (оние кои давале донации), ICAAN, Facebook и други.
На удар се најде и една пратеничка на Исландскиот парламент, која сега прави галама, увреѓена и изненаѓена (инаку, била член на тимот на Асанж пред да стане пратеник).

САД, како најмоќна сила во светот, со право или не, со сила или со мила, ќе ги најде сите оние за кои мисле дека им наштетиле, и ќе ги казни оние кои ги смета за најодговорни. Останатите ќе бидат впишани во компјутерските бази и ќе бидат „флегувани“ при секој допир со американската администрација (на пример, при барање за виза, школување, допир со американски фирми, итн.).

Sunday, December 12, 2010

Зошто Wikileaks е погрешен потег?

На почеток, да се разбереме: апсолутно сметам дека мора да постои транспарентност во работењето на владите, без оглед дали се мали или големи, Америки или Македонии. Тоа доаѓа без исклучок.
Дека навистина мислам така, зборува фактот што сум еден од основачите и (поранешен) член на бордот на Транспарентност Македонија. Да нема забуна.
Слободата на новинарството и говорот ми е многу блиска, затоа што и самиот бев сопственик на весник и негов извршен директор скоро 7 години („Форум Магазин“, во „добрите“ денови). За разни весници пишувам од свои 19 години, имам објавено повеќе стотици написи и член сум на ЗНМ од 1986 (иако не учествував во последниве настани).

Sunday, November 21, 2010

Facebook ја надмина својата врвна валуација?

Деновиве, светските агенции објавија дека Accel Partners, досега најголемиот сопственик на акции на Фејсбук, почнал да продава големи делови од нив, што во струката се нарекува „скратување“ (или ослободување) на позициите.
Иако податоците за вредноста на акциите кои се продадени се контрадикторни, се шпекулира за валуација помеѓу 20 и 35 млрд. долари.

Ова секако не зборува добро за мислењето на главниот инвеститор на Фејсбук уште од времето на неговиот почеток.
Очигледно, тие сметаат дека ФБ ја надминал својата „peak value“, или врвна валуација (извинете за можната непрецизност на терминиве, но јас не сум баш сток-брокер).

Со губењето на неутралноста на Интернетот, тој ќе биде разделен на различни сервиси, од кои секој ќе има свои купувачи и посетители.
Сајтовите кои се сеопфатни и нефокусирани на еден стрим или сервис, а чиј најголем претставник во моментов е самиот Фејсбук. набрзо ќе изгубат од својата привлечност, баш поради тоа што нема да можат да бидат интегративен фактор на корисниците.
Тие, корисниците, ќе се приклучуваат на потесни интересни групи воспоставени од типот на услугата која ќе се нуди (нпр. видео, музички, бизнис и слични канали).
А сето тоа ќе се случува во следните две, најмногу три години.

Saturday, November 13, 2010

Честит празник!

Денес, пред многу години, многу храбри луѓе, не мислејќи на себе, мислеле на нас - идните поколенија.
Нема веќе такви.
Честит 13 Ноември!

Saturday, October 30, 2010

Интернет е мртов! Да живее новиот Интернет!

Добродојдовте во светот на новиот Интернет, онаков каков што не го познавате, Интернет во кој ќе плаќате различно во зависност од тоа какви содржини или податоци ви протекуваат до вашите домови, компании, фиксни и мобилни уреди ...
Едноставно, моќта која ја дава инстантната комуникација и можност за поврзување, без оглед на далечината, видот на уредот, производителот, сѐ додека сите зборуваат со истиот протокол, е преголема.

Моќните држави и големите компании уште од поодамна го „намирисаа“ ова и подолго време се подготвуваат за експлоатирање, монетизирање и запоседнување на комуникациите. Ние сме само немоќни набљудувачи и идни среќни потрошувачи на новиот, раслоен и распределен Интернет.
Нет-неутралноста, а со тоа и Интернетот каков што го познаваме, умира!

Thursday, October 14, 2010

еТрговија: Емоциите на купувачите се клучни

Постојат многу метрики кои се важни во бизнисот на продажба на Интернет: посетеност, позиција во однос на конкуренцијата, комплетност на понуда, итн.

Но, едно е најважно: конверзија на посетите. Всушност, се работи за процентот на посетители на е-продвницата кои навистина и купиле нешто од неа, бидејќи основниот raison d'être на продавницата е -- да продава.

Општо е познато дека овој процент на конверзија е низок, и тоа не само во Македонија (каде што е особено низок), туку и во целиот свет. Интернет трговците се во постојана борба да ја зголемат конверзијата, на било кој начин.
Уште полошо, многу е ниска конверзијата и кај купувачите кои веќе се одлучиле да купат -- дури 70% од нив го прекинуваат процесот на купување во некој од следните чекори.

Прашањето е: Зошто ова се случува? Зошто купувачите ретко решаваат да купат, а и тогаш кога ќе решат, во голем процент се откажуваат скоро веднаш потоа.