Showing posts with label Политика. Show all posts
Showing posts with label Политика. Show all posts

Saturday, January 29, 2011

Интернет - сребрен куршум за диктаторите

Една од основните вредности на демократијата е информираноста. Можноста граѓаните да бидат потполно информирани од повеќе ресурси и аспекти за иста тема, има дава моќ да донесуваат одлуки кои се темелат на знаење.
Во секое демократско општество, се знае каде се важни овие одлуки -- кога се гласа, кога заеднички се одлучува што ќе се случува со нас, и кому привремено ќе му биде подарено правото да управува во наше име.

Source: Imgur - "A lesson in government by some Guy".

Saturday, January 08, 2011

Темните одеци на аферата Wikileaks

Американското Јавно обвинителство агресивно собира докази за сите оние кои биле вмешани во аферата Викиликс, без оглед колку странично. Издадени се налози за предавање на податоците за корисници на Twitter, Paypal (оние кои давале донации), ICAAN, Facebook и други.
На удар се најде и една пратеничка на Исландскиот парламент, која сега прави галама, увреѓена и изненаѓена (инаку, била член на тимот на Асанж пред да стане пратеник).

САД, како најмоќна сила во светот, со право или не, со сила или со мила, ќе ги најде сите оние за кои мисле дека им наштетиле, и ќе ги казни оние кои ги смета за најодговорни. Останатите ќе бидат впишани во компјутерските бази и ќе бидат „флегувани“ при секој допир со американската администрација (на пример, при барање за виза, школување, допир со американски фирми, итн.).

Sunday, December 12, 2010

Зошто Wikileaks е погрешен потег?

На почеток, да се разбереме: апсолутно сметам дека мора да постои транспарентност во работењето на владите, без оглед дали се мали или големи, Америки или Македонии. Тоа доаѓа без исклучок.
Дека навистина мислам така, зборува фактот што сум еден од основачите и (поранешен) член на бордот на Транспарентност Македонија. Да нема забуна.
Слободата на новинарството и говорот ми е многу блиска, затоа што и самиот бев сопственик на весник и негов извршен директор скоро 7 години („Форум Магазин“, во „добрите“ денови). За разни весници пишувам од свои 19 години, имам објавено повеќе стотици написи и член сум на ЗНМ од 1986 (иако не учествував во последниве настани).

Saturday, August 28, 2010

Злочин во Преспа

Појдете во Претор за да видите како на најбезобѕирен начин се уништува екологијата на крајбрежјето на Преспанското езеро!

Пред година дена локалната власт му издаде концесија на извесен „швеѓанец“ (не знам точно дали е нашинец или не) на огромен дел од крајбрежието на езерото, веднаш после завршетокот на плажите во Претор.
Должината на издадениот брег е повеќе стотици метри.

Деновиве целата трска на брегот на езерото безмилосно е исечена. Во неа живееа голем број на птици и други животни кои се дел од богатството на фауната на Преспа. Уживав да појдам таму наутро и оддалеку да ги гледам во нивната природна средина.
Сега сето тоа е уништено, безмилосно и без никаков надзор. Се слуша дека концесионерот наводно ќе донел некакви диви биволи (!) -- нешто што сигурно не припаѓа тука.

Wednesday, April 28, 2010

Катастрофата со здравствената картичка

Со својот „маќејски“ однос (во недостаток на подобар збор) кон сопствените граѓани и домашните ИТ компании, оваа влада направи уште еден престап со изборот на компанијата која ќе го изведува системот за „здравствената електронска картичка“ (можеби овој израз не е баш точен, но мислам дека знаете на што мислам).

Избрана е некаква хрватска фирма која наводно ќе го изведе проектот. Македонските компании, со самите услови на тендерот, однапред беа исклучени. Ај, да речеме дека до тука и можам да разберам - имале хрвативе искуство (иако не знаеме колкаво, ама белким провериле овие нашиве). За тоа подоцна.

Sunday, February 08, 2009

Медиумски воини


„Писма од читатели во кои се величи работата на Владата и се плука по опозицијата во последно време масовно стигнуваат на интернет-адресите на медиумите. Некои од писмата се потпишани, на други стои „ваш редовен читател“. Ретко има контакт-адреса или телефонски број, како што обично прават читателите кога сакаат нивното писмо да биде објавено бидејќи медиумите ги проверуваат податоците. Ако некој и оставил телефонски број, бројот не може да се повика.“ - објави Нова Македонија во својот текст „Проработеа фабриките за писма од читатели“.

Иако сите политички страни веројатно имаат слична пракса, сепак може лесно да се направи разлика помеѓу „литерарните обиди“ на виртуелните лепачи на плакати на вмро-овците и оние на сдсм-овците.
На пример, наместо вулгарните, очигледни фалсификати на вмро, неодамна се појави новиот блог на Бранко Героски, очигледно со граѓанска, интелектуална, лево ориентирана и (во недостаток на подобар израз) „одговорна“ ориентација.
Додека кај првите, во блоговите се нашлапани со безвезни слики, знамиња, борбени повици, овие вториве имаат многу подефиниран, дизајниран и културен израз. Дури и блогот на претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов се вклопува во, благо речено, сељачкиот ликовен израз на вмро.
Не дека тоа им помогна на сдсм-овците на минатите и предминатите избори.
Сепак, оваа слика тоа е одраз на интелектуалното и граѓанското ниво на македонските граѓани. Со други зборови, 80% од нашите драги сограѓани, во нормални земји не би ги пуштиле на улица, само на нива или на копање канали (како што и им прават во традиционалните македонски „јабани“).
Администраторите, уредниците и модераторите треба да внимаваат и да не допуштаат испади од било која страна.
Тоа деновиве му се случува на Кајмакот, кој е преплавен од спамирање на гадинки од вмро-овците. „Нападот“ е очигледно концентриран, договорен и оркестриран, бидејќи се појавија повеќе спамери одеднаш.
Паралелно, се појавија и многу „антички“, „Македонија-до-Токио“, „да-живее-тодор-александров“ и слични блогови, што исто така зборува за кујни и кувари.

Tuesday, January 20, 2009

Претстоечки состанок со министрите

На 21 јануари 2009, во х. Александар Палас ќе имаме средба со министрите за информатичко општество и за образование, како и со други функционери од овие институции.
Еве ги нашите (на ИКТ комората) тези за разговорот, чија тема е Едукативни содржини во образованието.
Се надевам дека ќе прифатат да зборуваме за ова. Ќе видиме како ќе помине, па ќе известам натаму...
[Кликнете на „Читај повеќе“ за да ги видите тезите...]

1. Предлагаме апликациите за образовни потреби да не се набавуваат од конкретна компанија со која ќе се склучи договор, туку процесот да биде посличен на оној со кој се избираат учебници. Тоа значи да биде објавен конкурс за набавка (тендер), но од понудените решенија да биде избрано најдоброто.
Се разбира, претходно треба да се објават стандарди според кои ќе мора да биде изработен софтверот, да биде составена рецензентска комисија (составена од претставници од образованието, но и од ИТ компаниите), итн.
Исто така, сметаме дека апликациите не треба да се набавуваат строго од компании, туку да можат да учествуваат и независни автори или група на автори.
Со вакво постапување, ќе може да се добие поголем квалитет на изработените решенија, поради објективната и транспарентната конкуренција.

2. Изработените програмски решенија мора да бидат проследени со вградени системи за помош за наставниците и учениците, а истите да бидат поставени и он-лајн, на званичен сајт на Министерството за образование. Системот за помош мора да биде дел од процесот на рецензија и да биде оценуван и неговиот квалитет. Се разбира, мора да биде мулти-лингвален.

3. После прифаќањето на одредено апликативно решение во образовниот процес, тоа веднаш би требало да биде ставено во public domain, и да биде слободно за преземање од интернет. Исто така, можеби вреди да се размисли понудените решенија за иста тема да бидат рангирани, па така неизбраните решенија сепак на некој начин да бидат достапни до корисниците како незванични и незадолжителни материјали.

4. Од особена важност е во програмските решенија да се употребуваат соодветни информатички изрази. Бидејќи знаеме дека во тек е изработка на лексикон на ИТ изрази, можеби треба да се причека прво тој да биде утврден, па потоа да се објавуваат конкурсите за програмски решенија.
Што се однесува до лексиконот, а и воопшто, процесот на преведување на постоечките информатички содржини, сметаме дека јавноста е недоволно вклучена и дека процесот мора да биде многу потранспарентен. Имено, потребно е да се воспостави јавно достапен сајт на кој ќе биде поставена досега сработеното, а притоа да се овозможи јавноста да може да дава свои предлози и придонеси. Процесот треба да биде модериран, можеби на начин сличен како кај Википедија, за да се обезбеди фокусирање на проблематиката.

5. Во продолжение, што се однесува до процесот на преведување на системски софтвер и странски апликации (оперативни системи, интернет пребарувачи, офис пакети и сл.), сметаме дека начинот кој досега е спроведуван во соработка со USAID е сосема погрешен и контра-продуктивен.
Грешката, според наше согледување, се состои во тоа што на овој процес му е пријдено слично како на процесот на преведување на книги и слични материјали. Не е земено предвид дека софтверот е материја која постојано се надградува, постојано се издаваат нови верзии, па преводот – во еден вака статично поставен процес – брзо застарува.
Државата мора да размисли и да воспостави само-одржувачки процес на преведување на овие содржини, со употреба на волонтери и пошироката јавност. Ваков систем веќе има воспоставено во Слободен софтвер Македонија, впрочем, и сегашните преводи доаѓаат од таму.
Државата треба да воспостави (можеби и платени) координатори на преведувачките групи, финансиски и организациски да ги поддржи при секоја новоиздадена верзија и со тоа да обезбеди континуитет во преведувањето.
Објавувањето на нов тендер за превод при секоја нова верзија е сосема спротивнона духот на софтверот и неговата динамика на издавање.

6. Следна точка е безбедноста на компјутерските мрежи во училиштата и заштита на учениците од несоодветни содржини на Интернет. Сметаме дека досега воопшто не е обрнато внимание на оваа проблематика, и школските компјутерски мрежи се изложени директно на Интернет. Нема никакви firewall заштити, заштита од малициозни програми, а особено нема филтрирање на содржините од, на пример, порнографски содржини, сајтови на кои се шири омраза, сајтови со пиратирани содржини (музика, филмови, софтвер), а тука треба да свклучат и сајтови кои не се дел од општо-образовниот процес.
Држават мора да воспостави стандарди за решавање на овие проблеми и тие да бидат ригоросно спроведувани во секое училиште.

7. За крај, би сакале да го изразиме своето незадоволство од тоа како се водат овие проекти за имплементација на информатичката опрема и наставните содржини. Сметаме дека многу од нашите стручни укажувања не се земаат предвид, а поради нивното игнорирање се направени многу грешки кои сега тешко се поправаат и чинат многу пари, а изгубено е и драгоцено време во имплементацијата.
Ваквите собири се многу корисни за избегнување на вакви проблеми, секако, под услов државните институции да применуваат барем дел од нашите добронамерни совети, бидејќи не е спорно дека ИТ компаниите од Македонија, барем во овие прашања, имаат огромно знаење и стручност.

Sunday, July 20, 2008

Може да ни се случи и нам!

Иако се опирав, нема каде, морам да напишам нешто за „случајот Заев“.
Низ блогосферата се појави голем револт, а скоро веднаш се појавија и такви кои се прашуваат (дури и тврдат) дека се работи за криминалец и дека е уапсен со причина.

Значи, не верувам дека некој од (нормалните) дискутанти, а почнувајќи од мене самиот, вели дека Заев е невин. Тоа ќе го докаже судот. Невин е додека не се докаже спротивно (пресумпција на невиност, нели?).
Она од што, барем јас, се згрозувам е *начинот* на кој тој е уапсен и „процесиран“.
Прво, Котевски пушта дегутантни СМС пораки до новинарите (кои се посебна приказна) дека ќе биде уапсен, за да се направи циркусот.
Потоа, во „холивудски“ стил, на сред пат, со чкрипење на гуми и вртење со „рачна“, како да тргнал да бега некаде, Заев е уапсен и е донесен пред судот каде што веќе го чекаат камерите и почнува целиот калабалак.
На крај, пред тие што протестираат (на што имаат демократско право, без оглед дали е виновен или не) се поставени полициски кордони вооружени со „долги цевки“, што е надвор од памет и што е пракса само во Тибет. Тоа, немам сомнеж, е направено намерно - за додатно да се испровоцира масата за да може шупакот Латас да „соопштува“ како биле насилни.

Да наведам само неколку спротивни случаи:
  • Агим Красниќи не го апсеа затоа што „немало услови“.
  • Ламбе Арнаудов, „не бил достапен“, иако заедно го „мочале кучето“ со премиерот секое сабајле пред зграда, за на крај да го „уапсат“ - дома (после напорна детективска работа, претпоставувам)!
  • Оној моронот Лека исто така не го апсеа.
  • За Рефет Елмази (клоцачот) „нема докази“.
  • За ЛуБББчо Георгиевски, исто така (а има неколку кривични пријави против него).
  • Борис Стојменов, идиотот кој ја потпиша Окта, потпаѓа под истото одделение за организиран криминал како и Заев.

И јас не ги сакам политичарите, и сметам дека треба да добијат двојни казни баш затоа што се политичари, носители на јавни функции и ги изневериле граѓаните, но страшното во целава работа е тоа што ВАКВО НЕШТО МОЖЕ ДА МУ СЕ СЛУЧИ НА БИЛО КОЈ - не само на политичките противници!
Само што, тогаш, нема да има кој да протестира, и истражниот судија нема - под притисок на јавноста - да не пушти да се браниме од слобода. Ќе кењаме у кофа во заедничка ќелија во Шутка со уште 30 други.

И - спротивно на тоа што го мислат дежурните критизери кои веднаш ќе ме прогласат за предавник - тоа може да им се случи и ним.
Можеби не од оваа власт, но од некоја следна, ако живееме во тоталитаризам и авторитаризам, никој не е безбеден.