Во Македонија денес се пука, се тепа, гинат луѓе ... вистинска воена состојба.
Многу се загрижив за сопругата која е во изборната комисија на едно гласачко место. За жал, не успеав да ја убедам веднаш да го напушти и да си дојде дома, бидејќи е очигледно дека државата не може да заштити никого. Ме заболе за гласање, ме заболе за гласачки одбори. Само сакам семејството да ми е живо и здраво.
Како и што се очекуваше, Груевски со своите партиски војници - министри, братучеди-тајни полицајци и особено министерката за полиција (онаа што моча на ливче) не успеа да спроведе фер и безбедни избори.
Владата, на чело со Груевски, мораше поенергично да преземе мерки, и превентивни и оперативни. Никој не може да ме убеди дека не можеле да проценат кои се ризични места и локации, кои се терористите и тоа дека скоро со сигурност ќе пукаат. Па Агим-факинг-Красниќи требаше одамна да биде ликвидиран, пред сите „Змиски ока“ и други парадни полициски активности од кои се нагледавме минативе месеци и години.
Дали некој може да ми објасни како, и покрај најавеното „досега невидено полициско обезбедување“ успеале четворица Албанци со калашникови да влезат во едно избирачко место? Каде гледале полицајците? Играле табла?
И не можам да се оттргнам од впечатокот дека, всушност, Груевски со својата десничарска политика намерно ја турка земјата во состојба на нестабилност и на работ на граѓанска војна.
Ова го зборувам како граѓанин на Македонија, не како било каков политички активист. Ме заболе за партиите, не сум ниту од овие, ниту од оние. А треба да се загрижат сите оние кои сакаат да живеат во мир и просперитет.
За жал, настрадале и неколку невини гласачи кои случајно се нашле на изборното место, наивно верувајќи дека си ја вршат својата граѓанска обврска. И јас, будала еден, прееска се затерав да одам и да гласам. Никогаш повеќе, никогаш.
Наводно, на местата со инциденти се видени и поранешни високи полициски функционери - Албанци, кои очигледно дека се сè, освен граѓани кои порано имале некаква доверба да управуваат. Терористи.
Мислам, ништо друго и не можеше да се очекува од слаба влада и Албанski собири на кои единствено се зборуваат воинствени пароли, се пука, и се слават терористички организации како што е УЧК.
Голем дел од одговорноста има и политиката на Европската Унија која, како што пишував претходно, премногу долго ја држи Македонија во состојба на перманентни преговори, услови, дозволува некакви смрдени Грци да им диктираат што да прават и вечно воведува визни „олеснувања“...
NB: Во првата верзија на текстот, Албанците беа наведени како „Шиптари“. Иако јас не мислам дека тоа е нешто страшно, имаше некои реакции после кои ете - станаа Албанци.
Исто така, насловот на постот од „Груевски - м.... м......“, по консултација со моите адвокати :) го променив во „Груевски, за сè си крив“.
Ме убедија дека нема потреба да се изложувам на некаков ризик (не дека некој ова го чита, но...).
Груевски е најдбориот македонски политичар.
ReplyDeleteБрат, морам да признаам, се согласувам за повеќето работи што ги имаш напишано, ама сепак, гласањето, немаше да биде толку потребно, доколку изборот беше од наши политичари! Се додека има Шиптари (да немам намера да ги нарекувам Албанци, пошто овие тука, и тие таму значително се разликуваат), треба да се гласа! Јас на тоа гледам вака: И вака и така ќе не ебат и крадат, дај барем наши нека го прават тоа!
ReplyDeleteГледам немаш ништо напишано за сите глупости што ги направи претседателот изминатиов период.. Или тоа не ја засега безбедноста на твоето семејство?
ReplyDeleteДа ги сменеше боите на блогот можеби немаше да ја препознаам партиската обоеност :)