Showing posts with label politics. Show all posts
Showing posts with label politics. Show all posts

Sunday, December 12, 2010

Зошто Wikileaks е погрешен потег?

На почеток, да се разбереме: апсолутно сметам дека мора да постои транспарентност во работењето на владите, без оглед дали се мали или големи, Америки или Македонии. Тоа доаѓа без исклучок.
Дека навистина мислам така, зборува фактот што сум еден од основачите и (поранешен) член на бордот на Транспарентност Македонија. Да нема забуна.
Слободата на новинарството и говорот ми е многу блиска, затоа што и самиот бев сопственик на весник и негов извршен директор скоро 7 години („Форум Магазин“, во „добрите“ денови). За разни весници пишувам од свои 19 години, имам објавено повеќе стотици написи и член сум на ЗНМ од 1986 (иако не учествував во последниве настани).

Tuesday, July 15, 2008

Македонско новинарство

Истражувачкото новинарство во Македонија е на толку ниско ниво, што всушност и не постои.

Иако има квази-обиди по телевизиите (А1: Код и Ефтов на Канал5) да
направат нешто, капацитетот на новинарите е многу низок, па испаѓа
повеќе дезинформација и озборување отколку вистинско навлегување во
суштината на работите.

На пример, сигурен начин да ви се објави некакво соопштение, е до
медиумите да доставите готов текст, во облик како што би го напишале
тие самите, бидејќи не сакаат да се измачат да го напишат. Во
електронска форма, се разбира, за да направат copy/paste. Соопштението
ќе ви биде објавено без никаков критички осврт или барем проста
проверка дали е вистинито.

Многу бука се крена околу наградата на Светска банка за Македонија (мислев дека награди се врачуваат до трето место, но ете) или првото место на Битола за бизнис-клима во Југоисточна Европа (каква бизнис-клима, богати).
Овие квази-награди кои ги добива државава не вредат ни колку хартијата
на која се испечатени. Постојат нивни пандани и за компаниите: Јас
добивам две до три понуди годишно да ми врачат некаква награда дека сме
успешна компанија, а името ми го извлекле од телефонски именик. Се
разбира, треба да ги подмирам трошоците, ситница - 5000 евра (толку
беше последното). После, ќе направам соопштение, ќе ми го објават и ќе
ја ставам статуетката во витрина.

Така тоа функционира.

Sunday, June 01, 2008

Груевски, за сè си крив

Во Македонија денес се пука, се тепа, гинат луѓе ... вистинска воена состојба.

Многу се загрижив за сопругата која е во изборната комисија на едно гласачко место. За жал, не успеав да ја убедам веднаш да го напушти и да си дојде дома, бидејќи е очигледно дека државата не може да заштити никого. Ме заболе за гласање, ме заболе за гласачки одбори. Само сакам семејството да ми е живо и здраво.

Како и што се очекуваше, Груевски со своите партиски војници - министри, братучеди-тајни полицајци и особено министерката за полиција (онаа што моча на ливче) не успеа да спроведе фер и безбедни избори.
Владата, на чело со Груевски, мораше поенергично да преземе мерки, и превентивни и оперативни. Никој не може да ме убеди дека не можеле да проценат кои се ризични места и локации, кои се терористите и тоа дека скоро со сигурност ќе пукаат. Па Агим-факинг-Красниќи требаше одамна да биде ликвидиран, пред сите „Змиски ока“ и други парадни полициски активности од кои се нагледавме минативе месеци и години.

Дали некој може да ми објасни како, и покрај најавеното „досега невидено полициско обезбедување“ успеале четворица Албанци со калашникови да влезат во едно избирачко место? Каде гледале полицајците? Играле табла?
И не можам да се оттргнам од впечатокот дека, всушност, Груевски со својата десничарска политика намерно ја турка земјата во состојба на нестабилност и на работ на граѓанска војна.

Ова го зборувам како граѓанин на Македонија, не како било каков политички активист. Ме заболе за партиите, не сум ниту од овие, ниту од оние. А треба да се загрижат сите оние кои сакаат да живеат во мир и просперитет.

За жал, настрадале и неколку невини гласачи кои случајно се нашле на изборното место, наивно верувајќи дека си ја вршат својата граѓанска обврска. И јас, будала еден, прееска се затерав да одам и да гласам. Никогаш повеќе, никогаш.

Наводно, на местата со инциденти се видени и поранешни високи полициски функционери - Албанци, кои очигледно дека се сè, освен граѓани кои порано имале некаква доверба да управуваат. Терористи.
Мислам, ништо друго и не можеше да се очекува од слаба влада и Албанski собири на кои единствено се зборуваат воинствени пароли, се пука, и се слават терористички организации како што е УЧК.

Голем дел од одговорноста има и политиката на Европската Унија која, како што пишував претходно, премногу долго ја држи Македонија во состојба на перманентни преговори, услови, дозволува некакви смрдени Грци да им диктираат што да прават и вечно воведува визни „олеснувања“...

NB: Во првата верзија на текстот, Албанците беа наведени како „Шиптари“. Иако јас не мислам дека тоа е нешто страшно, имаше некои реакции после кои ете - станаа Албанци.
Исто така, насловот на постот од „Груевски - м.... м......“, по консултација со моите адвокати :) го променив во „Груевски, за сè си крив“.
Ме убедија дека нема потреба да се изложувам на некаков ризик (не дека некој ова го чита, но...).

Saturday, May 10, 2008

Европа, старата ... [жена која наплаќа]

Пред неколку дена добив покана да учествувам на манифестацијата „Европски денови на претприемачот“, каде што лани имав и keynote говор.
Иако не се сомневам во добронамерноста и стручноста на организаторите, и ја почитувам нивната напорна работа, еве го мојот одговор на нивната покана. Малку налутен, многу разочаран ...

Драги неостварени европјани,

Им го честитам европскиот ден на претприемачот на компаниите во Европската унија, им пожелувам просперитет и растеж, зголемување на профитот и голем успех. Нешто од што, сепак, сеуште не сме дел, а ниту ќе бидеме во далечна иднина.
Европската унија треба сериозно да се запраша за својот нефер однос кон Македонија.
Јас лично, 15 години наназад гледам некакви програми за развој и реформи, помош на претпријатијата и кредитни линии за македонското стопанство.

НО!
  • Деновиве слушаме дека датумот за прием на Македонија во ЕУ е дури во 2012!
  • Нашите граѓани и бизнисмени не можат слободно да патуваат во земјите на ЕУ, принудени се на најразлични понижувања во нејзините амбасади. ЕУ ни ги мачка очите со наводно олеснување на визниот режим од кој не видовме ништо. Сеуште треба да одам со фасцикла документи и венчален лист од баба ми за да добијам виза.
  • Од друга страна - Србија, enfant terrible на Европа - доби визни олеснувања без никаков проблем.
  • Бугарија и Романија влегоа во Европа без никаков критериум (освен политички) и сега се светлосни години пред нас.
  • ЕУ дозволува да биде заложник на Грција во нејзината надворешна политика (ако воопшто такво нешто постои) во случајот со приемот на Македонија во НАТО, а изгледа дека така ќе биде и со приемот во ЕУ (ако до тоа воопшто некогаш дојде).
  • Изгледа дека никогаш нема да ги достигнеме таканаречените стандарди, бидејќи тие постојано се поместуваат повисоко и повисоко.
  • Како што изгледа, и Косово ќе го примат во ЕУ пред нас. Се` што треба да направат таму е да ги заплашат европјаните дека ќе направат немири. Овие, за да ги смират, веднаш ќе им дадат визни олеснувања, а веднаш потоа и членство во ЕУ. Така се одвиваат работите.
Уште колку вакви точки можеме да допишеме? Многу.
Јас лично, мојот бизнис престанав да го гледам како дел од Европа.
Едноставно, се изморив од чекање. Сега си продаваме наводни зделки самите на себе, си се лажеме дека компаниите ни растат, а всушност сме херметизирани во малиот круг и, како во стариот виц, важно е да ги вртиме парите, и ...
Затворени сме во малава земја, со постојано искризирана и лабилна економија, уште полабилна политика - појави на кои не малку влијае односот на ЕУ кон нас.

ЕУ дозволи САД да ни станат главен поддржувач и сојузник (фала им на САД) - тоа е земја од која не делат неколку мориња, континенти и цел океан. ЕУ треба да се замисли дали тоа не претставува пораз на нејзината политика кон Македонија.
Да ви кажам искрено, полека почнувам да станувам скептичен и да се прашувам дали воопшто вреди да се зезаме на овој начин. Дали не треба да си побараме економски и политички сојузници на друга страна. Кога веќе не не` сакаат во Европа, можеби друг ќе не сака. Или никој?

Срдечен поздрав,
Ванчо Орданоски

Thursday, May 10, 2007

Информатичко-комуникациски технологии и конкурентност на малите претпријатија

Ова е излагањето кое го имав на пленарната сесија со горниот наслов, одржана во рамките на „Европски ден на претприемачите“ во скопскиот хотел „Холидеј Ин“, на 9 мај 2007.
Во него се изразени моите размислувања на оваа тема, а се надевам дека се поклопуваат со оние на многу мои колеги.

Бизнис околина
Здравата бизнис околина е основниот услов за компаниите да можат да растат и да бидат конкуретни. Ова вклучува транспарентна, отворена и конкурентна бизнис рамка, јасно и независно владеење на законот за сите компании и рамноправно и стабилно легално третирање на националните и меѓународните бизнис трансакции.
За малите претпријатија е важна и избалансираната примена на регулативата за заштита на интелектуалната своина. Ова е особено важно за малите компании во областа на заштитата на иновациите и дигиталната содржина.

Инфраструктура на доверба
Регулаторната инфраструктура мора да биде таква што ќе обезбеди доверба, приватност и заштита на потрошувачот.
Ова е основен предуслов за развој на култура на доверба во употребата на ИК технологиите, ефикасна примена на начелото на приватност и заштита на потрошувачите, борба против сајбер-криминалот и спамот.
За да се остварат овие цели, потребна е зајакната соработка помеѓу сите заинтересирани страни. За малите претпријатија е особено значајно да постојат евтини и лесно достапни механизми за брзо разрешување на споровите меѓу компаниите и потрошувачите.
Бизнис асоцијациите треба да земат поголема улога во овие процеси, преку воспоставување на сертификација на своите членки, независни тела за комуникација со корисниците, прием и разрешување на поплаките и информирање на корисниците за нивните права.

Финансирање
Една од големите пречки во развојот на малите и средните претпријатија, особено оние од ИК индустријата е недостатокот на квалитетно и евтино финансирање на нивниот раст, развој и инвестиции.
Потребно е додатно стимулирање на финансиските институции за да се олесни патот до поевтин капитал. Исто така, потребно е основање на гарантни и инвестициски фондови и слични механизми, бидејќи во најголем дел малите претпријатија немаат доволно можности за колатерално обезбедување на финансирањето.

Нематеријални инвестиции и добра
Компаниите сè повеќе се потпираат на нематеријалните инвестиции и вредности во развојот на конкурентноста и растот. Тука спаѓаат разни вештини, организација, софтвер, поврзаност во бизнис мрежи, итн.
Кај нас не постои заедничка и општо-прифатена рамка за да се идентифицираат, измерат и да се извести за овие нематеријални добра. Таа треба да се развие, а значајна улога во ова треба да имаат бизнис асоцијациите, сметководствените асоцијации и државните институции.
Прифаќањето на оваа рамка од страна на претпријатијата значи тие да развиваат и употребуваат системи кои ќе ги препознаваат и пријавуваат нематеријалните инвестиции и добра, и тоа на начин кој ќе им биде лесно препознатлив на инвеститорите, вредносно изразен на пазарите на капиталот и ќе водат кон пракса на подобро управување.

Подобрување на вештините
Недостатокот на ИКТ вештини (но и бизнис вештини) се големи пречки во ефикасниот развој.
Државата има голема улога во давањето на базични ИКТ вештини уште во задолжителното образование. Исто така, таа има важна улога во соработката со едукативните институции, бизнисите и индивидуалните граѓани во давањето на рамката за промоција на ИКТ вештините во повисокото образование, работните обуки и во континуираното учење.
Улогата на бизнис асоцијациите е во координирањето и канализирањето на потребите на ИКТ претпијатијата и понудата на образовните институции, особено во екстра-едукативните процеси и високото образование.

Дигитални производи и информативни сервиси
Овој вид на производи и услуги се од сè поголемо значење и стануваат сè поголем дел од економската активност, а исто така им даваат значителни можности за работа на малите претпријатија.
Државата и приватниот сектор имаат клучна улога во овозможување на достапноста на содржините низ сите платформи и во охрабрувањето на локален развој на нови содржини, вклучувајќи ги и содржините од јавни извори.
Потенцијалните корисници на ИКТ компаниите, особено помалите претпријатија, немаат доволно информации кои се однесуваат на предностите на усвојувањето на ИК технологиите, како и цената на чинење на ова усвојување.
Приватниот сектор, особено бизнис асоцијациите, но и државните институции, имаат важна улога во подобрувањето на информирањето и координирањето, да обезбедат студии на случаи (case studies) и демонстрирање на употреба на технологиите и услугите.

Е-Влада
Поставувањето на информациите од државните институции on-line можат да ја подобрат ефикасноста и покриеноста на давањето на јавни услуги на малите претпријатија и да служат како узор и поставувач на стандарди за усвојување на ИКТ во малите компании.
Државата, низ сопствен пример треба да промовира технологии кај кои цената на чинење е минимална или ја нема, а со своето однесување не смее да предизвикува додатни трошоци кај малите и средни претпријатија и граѓаните со тоа што ќе ги приморува да користат скапи и заштитени продукти при довањето на јавни информации.

Широкопојасен достап
Потребно е да се стимулира воспоставување на квалитетна инфраструктура по поволни цени. Широкопојасната поврзаност (broadband) е клучен фактор во развојот, усвојувањето и употребата на ИК технологиите. Таа го забрзува придонесот на ИКТ во економскиот раст, овозможува иновација, промовира ефикасност и влијае на целиот синџир на поврзани бизниси.
Развојот на широкопојасниот достап овозможува поголема компетитивност, напредни мрежни сервиси, апликации кои се протегаат низ различни технолошки платформи, ги зголемуваат инвестициите во технолошката инфраструктура, содржини и апликации, технолошка неутралност помеѓу различни развојни технологии кои од своја страна ја промовираат интероперабилноста, иновацијата и проширување на изборите.
Државните институции можат да го демонстрираат потенцијалот на услугите и содржините базирани на широкопојасен достап.
Образованието, давањето на информации и услуги на државните институции на претпријатијата и граѓаните во голем дел можат да бенефицираат од широкопојасниот достап и треба да добијат приоритет во стратегијата на владата.
Мора да се обезбеди финансиска поддршка од јавни извори за недоволно покриени области и групи на корисници. Оваа финансиска поддршка може да биде и дополнување на приватни инвестиции таму каде што е потребно, но под услов да не ги гуши иницијативите на приватниот сектор или да ја спречува конкурентноста.

Saturday, May 05, 2007

Варвари пред ѕидините

Европа сака да биде другата суперсила. Но, во процесот се појавија некои проблеми.

Во април 2003, додека САД гласно го покоруваа Ирак, најчудната империја во светот тивко проголта 10 земји, а оттогаш уште неколку. Еден ден, „Европа“ можеби ќе се прошири сè до Токио.

Но, ниедно добро не доаѓа без нешто лошо, а Европа се соочува со нови предизвици. Пред сè, и’ недостасува вистинска влада. Управувањето со далечинска контрола беше многу тешко уште кога беа 12 членки, а сега - со 27 - таа задача изгледа скоро невозможна. Растечката империја мора да воспостави некаква федерализирана централизација, ако ништо друго, барем да има кој да ја дигне телефонската слушалка.
Се покажа дека обидот да се воспостави новиот Устав на ЕУ, со претседател и некакво политбиро, потпретседател и министер за надворешни работи воопшто не наликува на пикник, особено затоа што Французите се на чело на овој комитет.
Да беше во прашање некој друг, а не Европјаните - со своите генетски бирократски предиспозиции - тој во оваа бескрајна потрага по Уставот сигурно ќе умреше од досада од постојаното и непрекинато преговарање.
Задачата е тешка, среде борбите за превласт и постојаните закани со вето. Случајот со Македонија и Грција е еден од овие примери, каде што црната овца на Европа постојано ги посрамува своите колеги со нови и нови инвентивни глупости.


Европските земји кои сеуште не се апсорбирани се во состојба на слободно паѓање. Надворешните обриси на Шенгенскиот договор за отворени граници не се ништо друго туку нов Берлински ѕид во 21-от век, одвојувајќи ја Новата Европа од она што оправдано може да се нарече Најдлабоко Темна Европа. На отпадниците им недостасува капитал за инвестиции, а Европа не им го дава. Нивните патишта полни со дупки тешко можат да се натпреваруваат со сјајните стандарди на нивните соседи, и само привлекуваат прекуморски гангстери и трговици со луѓе. Нивните најспособни и најпаметни жители се претвораат во нов бран на гастарбајтери. Како што си поминува времето, одржувањето на чекорот со богатите соседи бара сè поголеми скокови, а „транзицијата“, наместо на интеррегнум, сè повеќе заличува на гето.
А и на самата Унија, која настана и порасна покрај комунистичките режими со железни тупаници, животот во соседство на организираниот криминал воопшто не и’ изгледа привлечно.

Натаму, Европа е слабо вооружена. Европјаните, општо земено, се згрозуваат од Американската каубојска традиција на дигање на бандитите во воздух. Но, на нивните граници се наоѓаат сосема доволно крвави убијци – почнувајќи од Балканските палачи на цркви и џамии, диктаторите од Белорусија, Албанските хероински гангстери и ладнокрвните босански студенти по теологија на Ал-Каеда.
Едно е да зборуваш тивко, но да носиш голем стап (како што рече поренешниот Американски претедател Рузвелт), а сосема друго бескрајно да зборуваш и да немаш ниту стапче. Европските воздушни сили се премали да пренесуваат војници во воените зони. Нејзините носачи на авиони можеме да ги преброиме на прсти, и тоа со остаток. Во овие услови, единствено што Европјаните добиваат е понижување. Тоа одлично се гледа на примерот на Косово, каде што единствено што успеаја европските војници е да се интегрираат со тамошните гангстери, трговци со луѓе и дрога, додека Американците се тие кои ја гарантираат безбедноста. Американците со ова само ја потенцираат немоќта на Европа на воен план, исто како што тоа го направија и со Дејтонскиот договор или бомбардирањето на Милошевиќ.

На крај, ако денешните деца се граѓани на иднината, Европа ги има многу малку. Само за да има проста репродукција, на Европа и’ треба прираст од 2,1 дете по семејство, а во мометов тој изнесува 1,3. Дури ни посакуваното зголемување со приклучувањето на новите членки не се остварува. Новостечените богатства не резултираа со зголемување на прирастот, туку напротив, тој е уште помал од просекот кај новите Европјани.
Додека популацијата на Азија претекува од своите граници и го колонизира западот, Европа старее и се собира.
А за да расте, на економијата и’ требаат луѓе, работници. Модерна Франција привлекува Алжирци, Мароканци, Сенегалци и Тунижани. Погледнете ги само француските фудбалски тимови. Турците и Курдите одат во Германија, а Италија е магнет за Албанците. За неколку декади, жителите на „Европа“ ќе имаат прилично шарен генетички профил.
Но не само генетски, туку и шарен религиски профил. Ако некогаш крајната граница помеѓу христијанството и исламот беше некаде кај Сараево, сега оџите пеат од новите минариња во Оксфорд.
Во самото срце на Франција, во Париз, веќе почнаа расни немири од огромни размери.

Дали Европа се претвора во „Еурабија“? Дали сме сведоци на нова, глобална миграција, овојпат од исток кон запад. Да се потсетиме, кога претходната глобална миграција кон Новиот свет и од запад кон исток заврши, светот роди три големи, крволочни диктатори: Хитлер, Сталин и Мао. Тоа неизбежно доведе до неколку светски војни.
Дали ни претстојат нови, тогаш кога и глобалната миграција на 21-от век ќе заврши?


(Текстот е поттикнат од идеите на Брус Стерлинг)

Sunday, April 29, 2007

Фризерски салон „Форум“

Објавено во Шпиц, број 99, 26.09.2006 , како реакција на мојот текст Дисконти за „реекспорт“
Изгледа дека сум погодил некој нерв, сепак.
А и добра илустрација како работи системот на заплашување на „непослушните“ во државава. После текстот, на „Форум Плус“ му беше најавена даночна инспекција. Кога прашале зошто, им одговориле дека е грешка - инспекцијата била за некој фризерски салон со име „Форум“ (sic!).


Нема неправилности во даноците кај компјутерџиите

Управата за јавни приходи тврди дека досега не забележала неправилности во плаќањето на даноците од големите компјутерски фирми, како што неодамна пишуваше „Шпиц“.
Претседателот на Комората за информатичко-комуникациски технологии, Ванчо Орданоски, во изјава за „Шпиц“ истакна дека дел од македонските информатички компании се обидува да манипулира со повратот на ДДВ со лажни документи за реекспорт. Тој обвини дека луѓе од бизнисот со компјутери изработуваат документи дека вршат извоз на стоката, но таа останува во нивните магацини, а назад добиваат од 18 отсто ДДВ.
- Ние нема да функционираме на база на кодошење. Тоа што конкуренцијата си прави нарачани теми и ги протнува во медиумите за да види дали ќе помине на пазарот, не е начин на кој работиме. Ние имаме посебна телефонска линија за пријавување неправилности, софтверот ни е поврзан и со НБРМ и со Царината и досега никаде немаме забележано неправилности - изјави вчера Горан Трајковски, директор на УЈП.
Според него, Управата ќе реагира само доколку бидат забележани нелогичности во пресметките што се прават на ниво на институции или, пак, Управата добие некои сознанија од своите контроли.
С.Н.

Зошто Љубе треба да си седи таму каде што е

Нема да се занимавам со политичките заврзлами кој и како го прати Брат Љубе да се одмара во ладовината во Хаг. Ќе ви кажам зошто - заради моето семејство - треба да си седи таму и никогаш да не го пуштат.



За време на војната со албанските терористи, јас, заедно со мојот брат Сашо и другар ми Ѓунер го водевме магазинот „Форум“ (кој, фала на прашање, и денес убаво си функционира). Исто така, го водевме и ok.mk - најчитаниот македонски сајт во странство (сега нефункционален, за жал).

Се обидувавме да внесеме малку трезвеност во тоа време на (и буквално) експлозивни изливи на национализам и шовинизам. Се обидувавме да ги разбереме и двете страни, иако - веднаш да кажам - ниту тогаш, а ниту сега, не го одобрувам оружјето како начин да се бори за своите права во 21 век, во Европа, како што направија тогаш албанските терористи, на чело со Али Ахмети и останатите криминалци и убијци од Шипковица и Зајас.

Но, конфликот исфрли на површина многу криминалци и убијци и од другата страна, а тие беа предводени од највисоките државни функционери, пред се од Љубе Бошковски.

Поради написите и активностите во „Форум“ и на ok.mk, станавме мета на сите овие криминалци - и од двете страни.

Непрекинато не набљудуваа по неколку тајни служби: македонската, терористичката, но и други странски агентури (веројатно можете да ги погодите). Постојано бевме под закана дека нешто ќе ни се случи. Глдеавме секогаш да влегуваме и излегуваме кога надвор е ден. Се шегувавме (кисело) дека веројатно едните би не одбраниле од другите за да можат тие први да ни наштетат.

Пред седиштето на фирмата гледавме постојано по некој паркиран автомобил со луѓе кои, кобожемски, чекаат некого. Наеднаш, престана да ни работи caller id функцијата и на службените и на домашните телефони - веројатно техниката им била малку поназадна, па не можеле низ своите машини да го пропуштаат и овој податок.

Каде и да одевме надвор од фирма, особено во некоја кафана, на пример, секогаш имаше по неколку луѓе кои седеа околу нас и ништо не разговараа меѓу себе, само со по едно кафе и кисела вода пред себе. Веќе почнавме и да ги препознаваме, изгледа дека немаа толку слободни оперативци за постојано да ги менуваат.

Постојано примавме „поздрави“, закани скриени во навидум безначајни реченици од некои луѓе со кои никогаш не сме биле пријатели, а уште помалку сме се поздравувале.

По весниците блиски до тогашната власт се појавуваа написи во кои се денунцираше се’ што е поврзано со нас. Се сеќавам на еден напис во Нова Македонија (тогаш предводена од Слободан „Шачуле“ Чашуле) во кој се напаѓа дури и татко ми, бил офицер во ЈНА, па по таа логика ние сме биле „антимакедонци“. (BTW, татко ми навистина беше офицер во бившата ЈНА, но таму беше лекар-стоматолог и се пензионираше во 1988).

Но, имаше и директни јавувања, со директни закани. Бев сведок на неколку од нив, од кои барем две беа баш од Љубе Бошковски, а останатите со сигурност инспирирани од него. Сеуште ги чуваме касетите со снимките. На една од нив, снимена кога Брат Љубе се јави дома кај брат ми (а и јас се погодив таму - сигурно јавувањето не било случајно) - тој се заканува дека ќе го убие него и семејството, ќе ме стави мене и моите во затвор, мајки, шајки и што се’ не. Директно и со нескриени зборови. Сашо го пушти на спикер и го слушавме сите. Се преплашивме, ѕиркавме дали има луѓе или автомобили пред куќата. Во тоа време не чуваа и едни други - пријателски - луѓе, и се надевавме дека се будни и во околината.

Се подготвував да го носам семејството надвор од Скопје, на побезбедно, а сериозно размислував да побарам азил во некоја западна држава.

На враќање од Битола, каде што го оставивме синот кај дедо му и баба му, почна да не следи едно црно BMW без таблици. Се сеќавате на таквите, нели? Овој почна да вози на еден метар зад нас, потоа не престигна и почна да успорува. Само што почнав да мислам какви ми се шансите да преживееме, стигнавме во Росоман, и паркирав пред тезгите каде што се продава овошје и зеленчук. За среќа, имаше многу луѓе. Останавме тука околу 45 минути. Црното BMW застана 50 метри подолу, постоја околу 15 минути и замина. Изгледа дека му се здосади да чека. Ние дочекавме момент кога две-три коли со скопски таблици тргнаа од паркингот и заедно со нив појдовме. На автопатот возев 190 на час и здивнавме дури откако влеговме дома.

Некако ситуацијата се смири, дојде Охридскиот договор и бившите терористи и „бранители“ станаа политичари.

Се почувствуваме побезбедно. Решив да пробаме да се отселиме од тука, дури отидов и до Нов Зеланд да видам како е таму, но сепак се вратив - можеби ќе жалам за тоа подоцна.

Дојдоа изборите во 2002. Повторно притисоци. Повторно закани. Новинарите открија дека Љубчо “Бугаринот“ и Брат Љубе дури размислувале и повторно да започнат војна за да останат на власт. Немојте да мислите дека неколкуте „зољи“ во полициските станици во тетовско беа испукани од албански терористи.

Љубе почна отворено да се заканува. Овојпат по весници и на телевизија. Обвини дека “одредени новинари шират западни сценарија за да ја уништат владата на премиерот Љубчо Герогиевски“. Ова се негови зборови.

Од пријатели дознавме дека Брат Љубе ја довршува листата за апсење, а на прво место е брат ми Сашо. За нас останатите спремал „нешто друго“. Можам да претпоставам - ненадејна тешка сообраќајка во која 20-тонски камион „од непознати причини преминал на спротивната страна на патот“, или такво нешто.

Хистеријата на тогашните ВМРО-вци достигна врв. Ги обвинуваа сите и секого. Странци, домашни, било кој кој беше против нив. Во државните медиуми повторно почна денунцирањето. Повторно бевме под постојан надзор на ДБК.

Еве ви и неколку линкови во кои се опишува оваа ситуација во странските медиуми:

South European Times

IWPR

За среќа, под интензивен притисок на странските фактори, ова не се оствари.

Дента кога Љубе го испратија во Хаг, честев во кафана. Кога пријателите ме прашуваа зошто, не им кажав. Само реков: „Курбан“.


Error на Владата

Во следните неколку постови, ќе ги поставам моите текстови посветени на несреќниот договор склучен пред три години помеѓу тогашната Влада и Microsoft за опремување на државните институции со софтвер од M$.

Мислам дека темите се сеуште актуелни и дека ние, граѓаните на Македонија, уште долго ќе ги чувствуваме последиците од оваа зделка.

Би сакал да истакнам дека текстовите во никој случај не се против Мајкрософт сам по себе, бидејќи сметам дека тие имаат и понекои добри производи (земајќи дека мораат да работат на Windows, нели), можеби понекогаш лошо или неспретно изведени, но ...





Не постои дилема дали Мајкрософт е светски монопол, затоа што за тоа веќе му судеа или му судат и тоа од обете страни на Атлантикот. Прашање е дали ние ќе допуштиме уште еден монопол во Македонија сличен на оној со „Окта". Работите во таа насока се забрзуваат: на први октомври вицепремиерката Радмила Шеќеринска, која е на чело на владиниот тим за преговори со Мајкрософт, изјави: - „Паранојата е непотребна, писмото за намери не значи и постигнат договор". Но веќе следниот ден излезе соопштение од Владата дека таа се залага за брзи и ефикасни преговори со Мајкрософт за итно постигнување на договорот, со кој ќе се овозможи користење на нивната информатичка технологија.

На Македонија во овој миг и’ недостасува конкретна информатичка стратегија. Сè е поизвесно дека Владата ќе се реши нејзината администрација да го користи софтверот на Мајкрософт, така што достапноста преку електронски пат до владините чиновници на граѓаните ќе им биде овозможен само преку него. Основните функции што треба да ги исполни една ваква стратегија се: слободен достап на граѓаните до јавните информации, трајност и безбедност на податоците. Не смее да се дозволи граѓаните да бидат приморани да употребуваат софтвер кој го произведува само една компанија (во овој случај Мајкрософт), само затоа што нивната влада решила дека тоа треба да биде единствениот начин за комуникација помеѓу неа и граѓаните. Нашата Влада ги уценува граѓаните да мораат да имаат софтвер од Мајкрософт за да не бидат електронски екскомуницирани од владините институции.
Трајноста на податоците мора да се обезбеди со чување во формат кој е универзален и отворен. Овде мора да се потенцира значењето на „отворен". Државата не смее да дозволи да зависи од еден производител на софтвер, кој утре може да се налути, искаприцира, да ја загуби добрата воља или може да нè уценува со измислување нови лиценци за употреба на неговиот софтверот при трансфер на јавни податоци. Што би се случило ако, на пример, за едно 15 години Мајкрософт донесе одлука дека веќе не смееме да го користиме неговиот софтвер?
Безбедноста на податоците како гарант за безбедноста на државата и националната сигурност не треба посебно да се објаснува. Она што посебно загрижува е недостаток на информации дали можеби производителот во својот софтвер не оставил некаква „мала врата“ низ која би можел неовластено и по своја воља да влегува во нашите информации.
Нашата влада не треба нужно да го исклучи Мајкрософт, како ни кој било друг производител на софтвер. Но не треба ниту да му дозволи монопол.

Авантура на Владата
Што, освен еднократен попуст во цената, ќе ни донесе најновата авантура на Владата - потпишувањето „стратегиски“ договор со Мајкрософт. Некакви ветувања за локализација на дел од софтверот, ветувања за помош на образовни институции, и тоа е сè.
Се претпоставува дека „првиот бран“ на легализација на софтверот во владините институции ќе опфати околу 7.000 компјутери. Нето-ефектот за Мајкрософт ќе биде околу 2 милиони евра.
Ако се знае дека локализацијата на софтверот чини 5-6 милиони долари јасно е видлив дебалансот на штета на светскиот гигант.
Бидејќи Мајкрософт не би бил компанија со 50 милијарди долари готови пари депонирани во банка, ако толку лесно подарува пари наоколу, тогаш постои друга намера зад овој договор. А тоа е трајна и целосна зависност од софтверските производи на Мајкрософт. Најверојатно на англиски јазик, затоа што локализацијата е само опција и ветување, а не и обврска. Корисникот практично е обврзан да се надградува со секое ново издание на софтверот. А тука ќе нема попуст, се плаќа полната цена.
Владата заборави да го примени Законот за јавни набавки, стапувајќи во директни преговори со Мајкрософт.

Слободен софтвер
На другата страна е движењето за отворен софтвер. Изворниот код на ваквиот софтвер е достапен за сите. Секој може да го надградува и доработува, под услов своите измени повторно да ги стави во слободен оптек. Тој не припаѓа никому, а истовремено им припаѓа на сите.
Една од главните причини поради која владите на многу држави се решаваат за отворениот-слободен софтвер е и цената на чинење. Оперативниот систем Linux може да се најде и бесплатно, но со едногодишна поддршка од сериозен производител чини 70$. Windows XP Pro чини 190$.
Францускиот парламент предложи закон кој се однесува и на достапноста на изворниот код за софтверот кој се употребува во државната администрација и на употребата на отворени стандарди. Аргентинското собрание го разгледува предлогот за задолжителна употребата на отворениот софтвер во сите владини институции и јавни претпријатија. Германската влада го финансира развојот на отворениот софтвер за енкриптирање (шифрирање) на приватните податоци, поради извозните ограничувања кои САД ги имаат за оваа технологија.
- Европската комисија воспостави „Европска работна група за слободен софтвер", која заклучи дека ЕУ треба да размисли за задолжителна употреба на слободен софтвер „каде што е тоа можно". Во Азија, наместо да воведуваат закони, владите едноставно набавуваат и употребуваат слободен софтвер.
Кинеската држава реши во своите институции да инсталира Linux од сопствениот производител Red Flag, во обид да ја намали зависноста од компаниите од САД, особено од Мајкрософт.

Пиратерија
Главен аргумент на лобистите да мораме да потпишеме договор со Мајкрософт е 90-процентната нелегалност на софтверот во Македонија. Иако имаме соодветни закони, освен неколку спектакуларни затворања на продавници на илегално копирана музика и софтвер пред некој месец, Владата не презема ништо. Ниту во својот двор. Секојдневно се вршат набавки на нови компјутери и ретко каде се бара лиценциран софтвер.
Со договорот кој Владата сака да го потпише, ќе биде осудена во овие нови набавки да го купува софтверот на Мајкрософт. Колку за информација, еден комплет „оперативен систем + канцелариски софтвер“ чини околу 700 долари, повеќе од самиот компјутер.

(Текстот е објавен во магазинот „Форум“, октомври 2003 година)


Ороспија!

Извршната директорка е ороспија!
Да повторам, да нема забуна: о-р-о-с-п-и-ј-а
И тоа и карактерна, а богами и онаква, вистинска.
Се сеќавам кога ја земав од нејзиното родно место облечена во костумче од ќебе-материјал, со две торбички во рацете. Се сеќавам кога плаќавме карти и школарина за нејзините деца. Се сеќавам кога ги плаќавме долговите на нејзиниот маж-преварант. Се сеќавам кога (бесплатно) издававме книги потпишани со нејзиното име . Се сеќавам кога јадеше леб од нашата маса. Се сеќавам како ја браневме од притисоците на разните владеачки и шпионски гарнитури.




Од селанче, проста маса, стана фигура.

Јас знам колку дававме. Нека ме демантира.
На крај, почна да краде. Да краде од оние кои и’ подадоа рака. Да краде од колегите. Патувања по Европа, патувања за нејзините блиски ... Си одреди огромна плата. Почна да зема „аванси“ кои никогаш не ги врати. Дури и мочаната кабловска телевисија во нејзиниот стан и’ ја плаќавме.
За се’ имаме документи. За се’.
На крај, успеа да плукне во сите бунари од кои пиела вода. Се здружи со подружницата на УДБА во Македонија. Се здружи со онаа малограѓанската фризерка која изгледа како да дошла од свадба во кумановско. Војник на Партијата.
Смрдли.

Нема правда, нели!

Во Македонија за криминалот и корупцијата, дури и кога имате точни податоци, ревизорски извештаи, констатирани дела и злодела и живи и здрави извршители, осомничени, соучесници и сведоци - малку што можете да направите. Новинарски ви останува само да ја раскажете приказната којашто, се чини, сите ја знаат и за којашто никој ништо не презема.
Неодамна беше објавено дека Васил Тупурковски, Антонио Биков, Сашко Станинов и Марјан Ивановски, поради своето раководење со Агенцијата за обнова и развој (АОР) и нејзината наследничка, Агенцијата за развој и инвестиции, наскоро, наводно, ќе се најдат на обвинителна клупа во врска со злоупотребите и криминалите со Агенцијата во периодот 1999-2002. Тоа се годините од власта со Македонија на трилингот Георгиевски, Џафери и Тупурковски, односно, потоа, само ДПМНЕ-ДПА.

(Текст на Сашо Орданоски објавен во магазинот „Форум Плус“)
(Research на финансиските податоци: Ванчо Орданоски)




ЛАКОНСКИ ИЗГОВОРИ
Проблематичната работа на Агенцијата и имињата на Тупурковски, Биков, Станинов и Ивановски беше апострофирана од Државната комисија за спречување на корупцијата уште во декември 2004 г. Тогаш следуваа жестоки реакции од страна на Станинов ("Оние што беа пред мене и по мене сторија криминал во Агенцијата. 70 отсто од тајванските кредити беа одобрени без обезбедувања" и сл.) и Тупурковски (тој ја обвини Државната комисија дека е "инструментализирана" за политичка пресметка и дека "селективно го истражува криминалот во земјата", со цел "да ја сокрие реалната криминална слика во државата").

Државната антикорупциска комисија го оспори начинот на кој се делени кредити од Агенцијата во висина од 18 милиони долари, а нејзиниот претседател во 2004 г., Јован Трпеновски, ги обвини раководителите на Агенцијата дека се вмешани во незаконско делење на агенциските кредити.

Впрочем, уште кога на почетокот на 2001 г. ја преземаше должноста на чело на Агенцијата, по растурањето на односите меѓу ВМРО и ДА во ноември 2000 г., Станинов на затворена седница на тогашната влада презентираше долг список на привилегирани функционери на ДА и пријатели на Тупурковски кои добиле повластени кредити, а ни пристигнатите рати не ги плаќаат. Тогашниот министер за финансии Никола Груевски предупредуваше дека хаотичното работење на Агенцијата ќе доведе до проблеми во односите со ММФ.

Но, Тупурковски лаконски негираше дека имало злоупотреби и сите обвинувања ги припишуваше - токму како и денеска - на желбата на ВМРО политички да се пресмета со него. Во интервју за ТВ А1 на почетокот на 2001 г. популарниот Циле, во стилот на уважен професор на правните науки, ќе изјави дека тоа што функционери на ДА и негови пријатели добивале најповолни кредити е резултат на "непостоењето на закон со кој би се санкционирал конфликтот на интереси".

ВО КРУГ ПО ОПАШКАТА
Во март 2004 г. Државниот завод за ревизија го објави својот Извештај за работата на Агенцијата во 2002 г. Комплетниот извештај, што е долг четириесетина страници, опфаќа активности во период од неколку години и пред 2002 и е потпишан од помошникот на главниот државен ревизор Владо Милојевиќ. Извештајот може да се најде на www.dzr.gov.mk. (Патем, Државниот завод за ревизија навистина би можел да послужи како урнек за тоа како може да се работи транспарентно, бидејќи на неговиот веб-сајт се објавени сите комплетни ревизии што ги спровела оваа институција.) Извештајот изобилува со констатации за различни фрапантни неправилности и кршења на законите во работата на Агенцијата.

Она што збунува е што во случај на основани сомневања за сторен криминал, Државниот завод за ревизија копија од своите извештаи автоматски испраќа до Јавното обвинителство, кое е надлежно за покренување соодветна законска постапка за гонење на сторителите. Во овој случај, нејасно е зошто Обвинителството, година ипол по државната ревизија и единаесет месеци по реакцијата на Државната комисија за антикорупција, дури сега срамежливо, преку неодредени написи низ медиумите и со нејасен извор на информациите, најавува покренување постапка за одговорните во Агенцијата - ако таква постапка воопшто и се покрене?!

Се обидовме за ова повеќе да дознаеме во Јавното обвинителство. Резултат: Александар Прчевски е на пат, генералниот секретар на Обвинителството, Сашо Раичевски, не може ништо да каже без Прчевски, а за заменикот јавен обвинител, задолжен за водење истраги за организиран криминал, Јован Илиевски, во Вишото јавно обвинителство ни рекоа дека нема секретарка, а во канцеларијата во која упорно го баравме - не можевме да го добиеме. Да потсетиме, Јавното обвинителство на Македонија е единствената институција која нема портпарол, па нашата новинарска потрага по релевантни информации си ја "гризна опашката": без Прчевски ништо, а тој или е на пат, или е презафатен со новогодишните "изненадувања" што неделава ги најави премиерот Бучковски.

ТОТАЛЕН ХАОС
Од извештајот на државниот ревизор се стекнува впечаток дека во Агенцијата за обнова, развој и инвестиции владеел тотален хаос во водењето евиденција, во билансирањето на приходите и расходите, во документирањето на проектите и кредитите, како и во сите други сфери од постоењето на овој државен орган, почнувајќи од неговиот проблематичен правен идентитет, до сметките за испиените сокчиња и кафиња. Ревизорот вели дека "финансиските извештаи на Агенцијата не се изготвени врз принципите на основните сметководствени начела (наш курзив - н.з.) на буџетското сметководство кое претполага исплатените износи на средствата да се признаваат како трошок, а наплатените средства како приход".

Со други зборови, ни ревизорот не можел да утврди која е реалната состојба во финансиското работење на Агенцијата - неколку години по нејзиното основање!

Ревизорскиот извештај констатира бројни случаи на ненаменско користење на средствата на Агенцијата, за патни и дневни трошоци, за материјали и други оперативни трошоци. Ненаменски се трошеле милиони денари преку кредитни картички, а за близу два милиони денари потрошени за авионски билети (само во 2002 г.) - не се приложени билетите дека патувањата се навистина направени. Прикажувани се илјадници денари сметки за гориво за автомобили што воопшто не се сопственост на Агенцијата, а бројни сметки за одржување на возилата се за туѓи автомобили. За рентирање возила во 2002 г., на пример, се потрошени околу 940 илјади денари, без донесено решение од страна на директорот.

Се давале аванси и се правеле исплати за физичко обезбедување на објекти, за адвокатско застапување на Агенцијата, за прекувремена работа на вработени и сл., иако за тоа не е правена соодветна документација. На пример, потрошени се 450 илјади денари за купување мапи за фрески, икони и резба, без приложени сметки за набавката и приемот на истите. Склучувани се договори за дело "нереално и необјективно прикажани", со избегнување на персоналниот данок од доход.

Спротивно на законот, за извршените јавни набавки не е воден регистар, не се спроведени законски постапки, немало понуди од најмалку три добавувачи итн. Незаконски се трошени пари за канцелариски материјали, за пијалаци и храна, за информатичка опрема, за разни услуги... Во Агенцијата не се правени пописи, не е воден записник за залихите, за побарувањата и обврските, а фактурите неправилно се евидентирале.

ВЕСЕЛИ КРЕДИТИ
Ревизорот констатирал и бројни незаконитости и нерегуларности во поставеноста на Агенцијата, нејзиното несоодветно регистрирање и извршување дејности за коишто немала законска основа. Агенцијата се задолжувала со странски кредити за финансирање на инфраструктурни проекти (на пример, 20 милиони американски долари од УСАИД), а парите се искористени за сосема други цели - од изградба на деловен простор, преку купување јуници, до откуп на тутун! Така, на пример, преку скопската фирма Тикон во 1999 г. е вршена дистрибуција на близу 6 милиони германски марки за заинтересирани лица кои купувале жива стока, но Агенцијата не водела евиденција, ниту имала документирани сознанија како Тикон ги делел кредитите (ако, се разбира, воопшто ги делел) на заинтересираните лица.

Зделките за откуп на тутун во 2000 г., пак, преку фирмата Југотутун од Свети Николе, според извештајот на ревизорот, направиле штета во Агенцијата што се проценува на близу 20 милиони денари.

За кредитните линии од Тајван (5 милиони долари) ревизорот констатирал непостоење "соодветна документација од каде би се видела намената и начинот на користење" на парите. Ревизорот констатирал дека не виделе документ со кој директорот на Агенцијата бил овластен од Владата сам да решава како ќе ги дели кредитите.

Затоа и не чуди што за околу 1,7 милиони американски долари нема кредитна документација за условите за доделувањето на кредитите на 10 кредитокорисници, а за доделените близу 3 милиони долари документацијата на 3 кредитокорисници е некомплетна.

Двајца кредитирани, во висина од 512 илјади долари, воопшто не ги остварувале условите за да ги добијат кредитите. Дваесет кредити (близу 6 милиони долари) се дадени врз основа на хипотека или залог што го поднеле кредитобарателите, но без направена овластена проценка на хипотеката, односно залогот. Со други зборови, "на жими мајка"! Но, 22 други кредити (односно околу 3,5 милиони долари) се исплатени без никакво обезбедување! За 12 кредити од близу 3 милиони долари ниту ревизорот не добил на увид соодветна документација.

И така натаму и на тоа слично. Ревизорот на десетици и десетици страници објавува стотици детали за незаконското работење на Агенцијата, со вредност што се мери во десетици и стотици милиони денари.

ПРИЈАТЕЛСКИ ФИРМИ
Ако, пак, отидете низ списокот финансиски нерегуларности и злоупотреби во градењето, продавањето и откупот на станови што го правела Агенцијата, парите што се наведуваат тежат милиони и милиони евра, но точно колку, тешко е да се собере.

Бројни се фирмите кои се спомнуваат во извештајот на ревизорот со кои Агенцијата правела бизниси, но за кои документацијата е несредена, некомплетна или сосема непостоечка. Давани се аванси и позајмици што никогаш не се враќани и кредити за кои не постои банкарска евиденција за што и како се доделувани. На пример, во таа категорија спаѓаат 120 илјади долари за АД Нова Македонија, 180 илјади долари за МХК Злетово, околу 1 милион и 350 илјади долари на Алмако вино био од Охрид, на Еуротел од Скопје два пати му се исплаќани исти фактури, слично како и на Технометал Вардар.

Но, за градежните активности и неправилностите во работењето на Агенцијата со, на пример, Урбан инвест од Кавадарци и скопските Полар и Конартис би можело да се издаде повеќетомна ревизорска тетратка "тешка" милиони евра. Во многу од зделките ревизорот констатира "неосновано прибавување имотна корист".

Се разбира, забележливо е што повеќето од спомнатите фирми во извештајот (а ги има, отприлика, стотина), особено оние со кои се правени милионски зделки, се блиски или пријателски на тогашната власт, водени од партиски луѓе на ВМРО-ДПМНЕ и ДА, односно пријатели и соработници на директорите на Агенцијата. Исто така, многу од фирмите што земале кредити на начин што го фрапирал и државниот ревизор, потоа се банкротирани и денеска воопшто и не постојат.

ТАЖЕН ЕПИЛОГ
И, сега, што понатаму? Обвинителството не може да се добие, како и повеќето од службениците и раководителите на Агенцијата со кои се обидувавме да стапиме во контакт. (Единствено со д-р Тупурковски имавме едночасовен неофицијален разговор, но и од него во договорениот рок не ја добивме официјалната изјава за случајот.) Државната антикорупциска комисија кажа што кажа, а сите замешани политичари и други високи државни службеници, ни лук јале ни лук мирисале, си ги продолжуваат политичките и стопански кариери како ништо да не било.

Само ние, новинарите, троа ќе лавнеме, колку да заработиме по некоја закана или кривична пријава за клевета и навреда, за да и ја смириме совеста на Македонија дека забрзано се интегрира со Европа.

Дисконти за „реекспорт“

Ако се погледаат извозните биланси на нашите информатички компании - особено кон Косово - ќе испадне дека Македонија спаѓа во самиот врв на извозници на овој вид опрема.

Многу пречки ги ја очекуваат новата ИТ компанија М-Сан по нејзиното влегување на македонскиот пазар. М-Сан пред неколку дена ја презема македонската фирма Паком во обид што побрзо да се воспостави во нашата земја.



Но, предвидуваме дека ова нема да оди така лесно. Да не бидеме погрешно разбрани, М-Сан  и Паком се добри компании: М-Сан е водечка во Хрватска, а Паком добро етаблирана, иако не многу голема во Македонија. Проблемите, едноставно, се вон контрола на овие фирми, а за жал, и вон контрола на македонските власти.

Неодамна, еден мој пријател и колега од една наша голема ИТ компанија, ми се пожали дека повеќе не им се исплати да увезуват компоненти и да склопуваат компјутери кои потоа би ги продавале. Посочи една група на македонски (прилично рекламирани и развикани) фирми кај кои продажните цени им се еднакви на неговите набавни. Значи, таа група фирми на некој начин успева или да добие многу ниски цени за истите или слични компоненти кои другите ги купуваат поскапо, или имаат други патишта со кои се снижуваат набавните вредности. Добрите познавачи на далекуисточните набавки веднаш ќе ви кажат дека количинските дисконти при набавка одат само до одредена мерка. На вакви дисконти веројатно се надева и М-Сан, бидејќи со високата продажба во Хрватска сигурно добива прилично ниски цени од "кинезите".


Вистинските "дисконти", меѓутоа, не се добиваат на чесен начин. Една од омилените варијанти на македонските "успешни" ИТ фирми се вика "реекспорт". Сигурни сме, ако се погледаат извозните биланси на нашите информатички компании - особено кон Косово - дека ќе испадне дека Македонија спаѓа во самиот врв на извозници на ваков вид опрема. Само што, опремата никогаш и не ја напушта државава. Се изработуваат потребните документи, кобожемски се врши извоз, "извозникот" си го побарува и добива својот законски поврат на ДДВ, а стоката останува во неговиот магацин. Ооопс! Веднаш е добиен додатен "дисконт" од 18%.

Се разбира, овие матни зделки тешко се докажуваат бидејќи се прават во четири очи, но посредни докази има неколку. Највидливот од овие докази е постоењето на два вида цени: за "на фактура" и за "во кеш". Овие вториве, за готовина, се пониски од оние кои се плаќаат преку жиро сметка. И повторно ооопс! Најчесто, готовинските продажби не се пријавуваат и донесуваат екстра-профит од уште 18%! Ваквите ценовници не се тајна и безобразно отворено се дистрибуираат до секој што ќе ги побара.

Кога овие два "дисконти" ќе се спојат, лесно се добива математика дека нелегалната предност на ваквите фирми е најмалку 20-22% во однос на набавните цени кои можат чесно да се постигнат. Тешко е да се поверува дека и големи купувачи во Тајван и Кина како што е М-Сан ќе можат да постигнат ваква голема разлика во цената на компонентите.

Проблемот е додатно влошен и со голема "сива" продажба од поситни шверцери, кои продаваат преку огласи или со "директен маркетинг". Само треба да се отвори било кој од бесплатните огласници (тие не трошат пари ниту на реклами!) и да се добие листа од најмалку дваесетина продавачи на "евтини компјутери".

Иако некои со кои разговарав рекоа "Па што, нека добие народот евтини компјутери!", токму народот е тој кој има најголема штета од ваквите полу-сиви и сиви продавачи. Нивните гарантни услови, кои можеби ги има на хартија, тешко или никако не се исполнуваат, нема сервис, загарантирани резервни делови, поддршка, легален софтвер, само гола продажба. Лошите искуства на купувачите на ваква опрема се бројни и скоро неизбежни.

Индиректната штета, која се мери со милиони долари кај чесните македонски ИТ компании, и не е само во пари. Губитоците кои се создаваат влијаат и на развојот на информатиката и информатичкото општество. Спротивно на оние кои тврдат дека земјоделието е иднината на нашата земја, не е така. Иднината мора да биде во интелектуалните услуги, во информатиката и во "продавањето памет".

А на М-Сан, му посакуваме добредојде на боиштето. Welcome to the club!

(текстот е објавен во „Форум-Плус“ магазин)

Thursday, May 04, 2006

Европска Унија? - не сум сигурен!

Деновиве, комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, изјави дека „нема повеќе брзи возови за ЕУ“. Тоа се однесува и на нас, претпоставувам.
Старите курви, европејците, повторно ја покажуваат својата ксенофобија и себичност. Откако си го проширија пазарот за продажба на своите стоки со земјите од бившата Источна Европа, ние остануваме barbarias ante portas, бидејќи сме мали и неважни.
Што значи тоа за нас?
Прво, да си останеме на патот на реформите кои си ги започнавме, бидејќи тоа - очигледно - е и единствениот можен пат.
Второ, да не паѓаме толку на нос пред функционерите на ЕУ, затоа што и онака не нè сметаат за вредни. Зошто пак ние би требало да ги сметаме нив за вредни?
Трето, под итно да се прошират врските со останатите не-ЕУ земји во Европа, почнувајќи од Русија, бившите кавкаски СССР републики (разните „стани“: Казахстан, Киргистан ...) и секако, Србија и Црна Гора. Нема среќа во вечно чекање на возот кој не води никаде. Пругата, едноставно, нема да биде изградена.
Кој ги е...

Tuesday, April 25, 2006

Гн’си на столетието (Part I)



Ова е само почеток на серијата „Гн’си на столетието“, а на која не и’ го гледам крајот.
За старт, партизанскиот пар Мирка-Свирка и Командант Латас. Овие двајца оперативци на УДБА (или како веќе се нарекува денес) веќе сосема отворено зборуваат и делуваат во согласност со, на пример, српските радикали, српските мафијашки кругови и четничките симпатизери.
За Латас, „златното момче од Звезда-филм“, дури се знае и во која класа ја има завршено во разузнавачката школа на северот на Србија.
Мирка, која изгледа (и звучи) како бабата-циганка од „Дом за вешање“, дојде до дереџе никој да не сака да и’ ги објавува писанијата освен, се разбира, Николче Младенов (една друга гн’са за која ќе расправаме посебно). Дури, нејзините колеги буквално ја набркаа од последниот весник каде што работеше.
Вечерва на телевизија е емисијата на Васко Ефтов (гн’сиче, исто така) со наслов „Досие за Косово“, во која се зборува за тоа кои се главните лобисти за независноста на Косово и кој ги финансира. Главни „аналитичари“ се Мирка, Циле (овој е гн’са од 200 кила) и еден од командантите на Шешељ.
Зошто го поврзувам ова со Мирка-Латас? Затоа што српските националисти дојдоа во хистерична фаза, сега кога независноста на Косово е, помалку-повеќе, завршена работа. Васко Ефтов е платен од нив, Мирка е платена, Латас е платен, а Циле се обидува да се прикачи ако може за да го гласаат на изборите (имунитет, имунитет).
Од таму, навидум нагло, во македонските медиуми се појавуваат серија текстови и прилози за дискредитирање на сите кои се на било кој начин добронамерно поврзани со разрешување на јазолот во Косово (тој јазол, да биде јасно, го врзаа истите тие националисти и екстремисти). Сите тие написи се директно инспирирани од северните тајни служби, веројатно и платени од нив. Всушност, сигурно се платени.
Ми се згади, подоцна ќе допишам повеќе.

Циле, експерт за инвестиции



Васил Тупурковски - Циле, експерт за инвестиции, деновиве го има повеќе на телевизија отколку кога беше „соинвеститор“ на тајванците.
Како што стои работата, многу му треба да стане пратеник. Зашто, пратеничкиот мандат носи една многу поволна бенефиција: имунитет. А ќе му треба, богами.
А да го видиш како се „упиња“, сигурно дека обвиненијата за проневера на 20 милиони долари (додуша, не сам, туку со други експерти), држат вода. Инаку, како и обично, ќе си беше во Америка.

Monday, April 24, 2006

Ребека, експерт за тиражи


Ребека на некоја од телевизиите рекла дека откако почнала да пишува во „Форум Магазин“, му го подигнала тиражот.
Сигурно не ги прочитала сите писма кои ги добивавме од читателите. Всушност, не ни сакавме да и` ги покажуваме, незгодно беше.
Како долгогодишен извршен директор на „Форум“ и еден од сопствениците, добро ги знам сите бројки, и знам дека Ребека не го зголеми тиражот.
Колку да остане забележано.